| Песна на Махамудра (Тилопа) |
|
|
|
| Напишано од Сашо | |||
| Понеделник, 15 Септември 2008 14:02 | |||
|
Песна на Махамудра (Тилопа)
Пресечи го коренот на дрвото и лисјата ќе свенат.Пресечи го коренот на својот дух и самсарите ќе паднат.
Кој се држи до духотне ја гледа вистината на оној што е над духот. Кој тежнее да го практикува Будиното учење Не ја наоѓа вистината над практикувањето.
За да го спознаеш тоа што е над духот и практикувањето Засечи токму низ коренот на духот и гледај разголен. Одвој (издвој) се од сите разлики и остани опуштен
Не отфрлај ниту прифаќaj Туку остани природен Бидејќи Махамудра е над секое прифаќање и отфрлање.
Ако останеш во подрачјето на нероденото Сите појави ќе се растворат. Во својата природна основа сета сопствена воља и замисленост Ќе исчезнат во испразнетоста.
Врвното разбирање го надминува сето ова и она. Врвното дејствување опфаќа голема снаодливост. Без потпирање врвното постигање е да се оствари секаде без надеж.
...
Советот на Тилопа до Наропа за практикување на Махамудра.
Не мисли за минатото. Не мисли за иднината. Не мисли сега медитирам Не го замислувај празното како ништожност.
Не замислувај. Не размислувај. Не разделувај. Не медитирај. Не промислувај Држи го духот во природна состојба.
|
|||
| Последно освежено ( Сабота, 21 Февруари 2009 11:05 ) |

Контакт
Есо новости
Галерија


