Ветување... |
|
|
|
| Напишано од Зорка Аралена | |||
| Среда, 22 Октомври 2008 13:19 | |||
|
![]()
Далеку од дома, го наоѓам патот... Патувам и талкам сама низ димензии и простори се додека не го видам и вкусам изгрејсонцето на мојот дом...
Го паметам длабоко во себе допирот со самото Тоа. Светлина претопена во светлина!!! И ги забрзувам чекорите, го забрзувам дишењето, го забрзувам ритамот само за да го исполнам ветувањето дека повторно ќе се вратам...
Патувам и талкам низ патишта стрмни, трчам низ ливади цветни, го вкусувам и искусувам делото на Тоа во мене... Во тоа одење го препознавам својот лик, го слушам ехото на сопствениот звук и продолжувам само за да го исполнам ветувањето дека повторно ќе се вратам...
И знам дека сум блиску, знам дека сум тука... Го чувствувам потполно, се растопувам со Тоа... Згаснаа зборовите, згаснаа вибрациите, Само почеток без крај и се и ништо!!! Секогаш тука, секогаш исто, реализација на Апсолутот!!! Постоење... Ветувањето е исполнето...
|
|||
| Последно освежено ( Понеделник, 02 Март 2009 14:48 ) |

Контакт
Есо новости
Галерија




Bev i Romeo
Bev i Julija
Sega sum TEATAR !!!
pozdrav !!!