☼ Неописливото |
|
|
|
| Напишано од Томае Еденски | |||
| Понеделник, 04 Мај 2009 16:06 | |||
|
9.01.2008
Кажи ми како да го споделам она кое тешко се опишува со зборови?
Кажи ми како да го опишам неопишливото...
Како да го кажам она што Е позади зборот „љубов“, кога зборовите се пресиромашни да го искажат тоа...
Те молам кажи ми како да го преточам во песна тоа што Е,
кога сите ноти се пресиромашни за да го завибрираат ТОА што е во ср’жта на вибрацијата ...
Како да го насликам ТОА, кога премалку се сите бои, пресиромашни за да го излеат и прикажат тоа што е позади боите...
Како да го пренесам тоа што не може да се пренесе...
Тоа што не може да се земе, нити да се даде ...
Тоа што едноставно Е...
Како да го пренесам, кога тоа може само да се доживее...
Дирекно да се спознае ...
И да се живее ...
Тоа, што човечкото око не го гледа,
Тоа што човечкото уво не го слушнало,
Тоа што извира од човечкото срцето облеано со светлина,
Облеано со Вистина ...
ТОА што Е, ТОА е Сè ...
И самото себе се само-спознава ...
Во мене, вон мене, насекаде,
Тоа што е растопено во целата природа ... во целиот космос...
Скриено зад илузијата, а сепак се гледа...
Разлеано во целокупното постоење ...
Секогаш овде, секогаш сега...
Никогаш не изгубено, никогаш не заборавено,
Секогаш ново, секогаш младо,
Секогаш чисто, секогаш празно...
Само дозволи да ти се случи ТОА...
И види,
ТИ си ЈАС, ЈАС сум ТИ,
Сè си ТИ, Сè сум ЈАС,
Сè е Сè, и само ТОА е ТОА,
Нема ЈАС, нема ТИ,
Само ЕДНОТО Е...
|
|||
| Последно освежено ( Петок, 08 Мај 2009 11:40 ) |

Контакт
Есо новости
Галерија




pozz