| Приказна за Јама |
|
|
|
| Напишано од Гого | |||
| Понеделник, 21 Април 2008 16:19 | |||
|
“Некој осамен патник, гладен и уморен, седнал под некое дрво да се одмори, исцрпен од долгиот пат кој го поминал тој ден. Денот поминал, а тој не можел да најде преноќиште и место каде би можел да заработи нешто за јадење. Седлејќи така задремал, но набргу некој глас го исплашил: -Еј патнику, почна да се стемнува, а не е многу умно, да се спие овде под ведро небо, затоа што може да заврне. - Јас немам каде да одам ноќе, освен да размислувам што да направам утре, за да не ми се повторуваат денешниве грешки- одговорил патникот. - Ако сакаш јас ќе те одведам во мојот дворец и таму може да се најадеш и починеш. Може и некоја работа да се најде за тебе. Кај мене има се што ке посакаш. Моето име е Јама и јас сум цар. Моите поданици доброволно ми служат и нивното служење не го доживуваат како оптеретување, токму спротивното, тоа е од се срце. Патникот не можел да верува. Пред него била прилика каква можел само да посака. Сепак, за да се увери во добрите намери на царот прашал: - Кои се условите за да ме земаш во замокот? - Па и нема некои посебни услови освен еден. Се што ќе стекнеш материјално во мојот замок останува таму. Ништо материјално не смееш да изнесеш. Во замокот можеш да имаш се, но надвор излегуваш како што си влегол. - Ако е само тоа - рече патникот - да се преставам. Моето име е Адам и води ме во замокот. Од како отишол во замокот Адам живеел живот исполнет со се што ќе посака. Имал пријатели, пари, иако се било бесплатно, се, апсолутно се што ќе посакал. После одредено време, Адам се заситил со животот поминат како во инкубатор и се повеќе размислувал да си оди од замокот. Знаел дека ништо не може да изнесе и тоа го задржало уште некое време, но и тоа време поминало и веќе не можел да издржи. Еден ден отишол кај господарот и му рекол: - Господару, јас сакам да си одам од овде. дали сум слободен? - Секако - одговорил господарот Јама. Условот го знаеш. Можеш да си одиш кога сакаш. Јас знам дека пак ке дојдеш, затоа што никој никаде нема да ти обезбеди вакви услови на живеење. Добар ти пат. - Но, господару јас не се сеќавам како да излезам од замокот. Никогаш не сум ја побарал излезната врата. Дали ке ми ја покажеш? - Секако сине мој. Не си ја видел вратата, едноставно затоа што не си сакал да излезеш. Излезот е насекаде. Се што треба да направиш е да се разбудиш, затоа што ова е сон, а јас сум господарот на соништата и смртта. - Е благодарам господару. Од сега натаму ќе знам да одделам што е сон а што јаве. - Мислиш ?- запраша Јама. - Како не. Еве сега знам дека ова не е сон и дека зборувам со тебе. Знам дека е ден и дека јас сум во твојот замок. - Супер - одговори Јама и исчезна во ноќта. Остана сам Адам да ги гледа ѕвездите на полјаната на која седеше на тревата гладен.
|
|||
| Последно освежено ( Среда, 18 Февруари 2009 14:10 ) |

Контакт
Есо новости
Галерија


