 1. Прво, одреди, определи, дефинирај ја областа, предметот во кој што сакаш да станеш експерт или авторитет. 2. Второ, силно одлучи, провери и потврди, зошто сакаш да бидеш авторитет по тој предмет или област.
3. Трето, направи скица на целокупниот досегашен обем на истражувања во полето , областа , предметот за кој што сакаш да бидеш експерт, авторитет.
4. Четврто, издвој ги досегашните најголемите експерти и авторитети во таа област.
5. Пето, проучи го колку што е можно повеќе челокупниот нивен поглед, истражување и искуство во таа област.
6. Шесто, согледај дали сеуште сакаш да бидеш авторитет во таа област или сакаш да го промениш интересот. Верификација на 2.
7. Седмо, започни да ги применуваш во пракса со проверка и потврда сите искуства и сознанија што ги имаш за таа област.
8. Осмо, напиши што поедноставни, практични, разбирливи, применливи, целовито сумирани искуства во вид на стручна книга, презентација, емисија, филм или друго дело раководејки се од принципот на сублимација.
9. Девето, истражи ги сите практични примени од твојот авторитет во дадената област.
10. Десето, дејствувај во твојата околина така што со своето дело да го потикнуваш авторитетот на другите. Почни да го презентираш своето дело.
11. Единаесето, зборот авторитет означува право на секој човек да биде креатор на сопствениот живот и на се што тој претставува. Вистинскиот авторитет секогаш е внатрешен. Правото на сопствен авторитет, сопствено создавање е составен дел од интегритетот на секој човек.
Извадок од: Плазматика-прирачника за креатори
|