По легендата За Голем, една од највисоките човекови способности преку магиско - алхемиски процеси е создавање живо суштество. По таа легенда Голем може да живее, да работи, но не може да зборува, значи го нема духот во себе. Голем (или Гол-нем) нема способност да создава. Колку ова наликува на модерните компјутери. Освен тоа, човекот има способност да создаде суштество по своја лика и прилика по биолошки пат и без познавање многу на алхемија и магија. Во ваков случај секако дека може да се создаде посоодветно суштество. На овој начин може, а тоа досега во многу ретки случаеви е пренесен Духот. Пренесување на Духот може да се случи и кај возрасни единки, но тие треба да имаат барем мала припрема предходно и да ја спремат почвата. Човекот во технолошкиот развој дошол до способноста да направи своја копија или како денес тоа се нарекува клонирање. Но, што со тоа? Човекот како можност има Божествени способности, но ретко кој во историјата на човештвото ги развил во поголема мерка од проста репродукција и живот кој наликува на оној кој го водат неговите домашни миленици. Честопати дел од нив живеат со поголема свесност од човекот. Човекот го живее животот како последица. Тој не е активен чинител и одговорен за она кое му се случува. Нему му се случуваат нештата. Иако има Божествени атрибути делува како кукла на конци (папет). Тие конци се врзаноста разни, често и тривијални нешта. Духовноста ја практикува како утеха или обид да стекне нешто (како здравје кое го изгубил, материјални добра, љубовна врска или моќ да може да ги контролира и владее со другите) Дали е можно да се пренесе Духот? Тоа би било реализирање на највисоките наши способности. По легендите и по библијата тоа само Бог може да го направи. Човекот е Бог во највисоките сфери на живеење и по наследство иако ретки се оние кои повремено престојуваат во тие сфери. Човекот потребно е најпрво да се очовечи или да ја реализира својата природа на човек, па после може да стане збор за манифестација на повисоката сфера, Божествената. |