Најскапата и најнепроверената вакцина на светот |
|
|
|
| Напишано од Антитрп Богумилски | |||
| Петок, 24 Октомври 2008 18:16 | |||
|
„Гардасил“, деновиве ова е име кое е повеќе рекламирано од било кој производ. Иако неговата корисност не е проверена затоа што испитувањето уште трае, поточно таа е пуштена во промет три години пред да завршат основните клинички испитувања. Не се знае ако заштитува, иако таа заштита е на сосема мал број типови HPV, колку години би траела таа заштита. Малку истражував за нас и за вас и заклучоците ви ги презентирам. Гардасил е вакцина за ХПВ, така барем се најавува и не е далеку од вистината. Навикнати сме да добиваме вакцини против некои болести, но модерново време носи и модерни проблеми, наместо да направат вакцина против ХПВ тие ни даваат вакцина за ХПВ. На-Водно тоа е вакцина која треба да ја СПРЕЧИ !!! појавата на опасниот рак на матка од кој многу жени умираат секојдневно. Истражував малку и собирав статистички податоци за ракот на матка. Статистиката (во Америка) го кажува следново: На 100 000 жени во Америка заболени од рак на матка има 6.8 со смртност 2.4 и тоа 91% од смртноста е над 50 години возраст.
Заболени во проценти според возраст 0 – 19 години 0% заболени 20 – 29 години 1% заболени 30 – 39 години 8% заболени 40 – 49 години 18% заболени 50 – 59 години 22% заболени Над 60 години 51% заболени
Значи 1% заболени до 30 годишна возраст а 73% се жени над 50 годишна возраст. Ова е нај скапата вакцина од сите кои се користат и иако е уште во фаза на испитување кое ќе трае до септември 2009 година FDA (Америчката администрација за храна и лекови) ја одобрува во јуни 2006 година за девојки од 9 до 26 години. Ова е бизнис над 1 милијарда долари а тој секојдневно се зголемува како што се зголемува бројот на овците, пардон мајмуните, пардон луѓето кои се вакцинираат со неа. Да погледаме со што не плашат. Статистички податоци за рак на 100 000 жени 6.8 жени рак на матка 16 жени рак на кожа 44 жени рак на дебело црево 64 жени рак на бели дробови 120 жени рак на гради Се прашувам зошто толку загрижени за рак кој го има најмалку и од кој најмалку жени умираат и кој е 15 пати помалку застапен од ракот на гради. Најмногу овде боде во очи фактот дека најмногу жените над педесет годишна возраст добиваат рак на матка. Деновиве се изнаслушав глупости дека денес младината е распуштена и дека многу лесно стапува во сексуални односи со многу партнери и дека воопшто не внимаваат дали ќе имаат безбеден секс и уште илјада глупости. Знаејќи дека HPV е „сексуално“ пренослива од мажи, а особено сексуални односи со повеќе мажи, од горнава статистика произлегува дека жените над 65 години најмногу се сексаат, а оние до 30 години ретко која има сексуален контакт. Знаејќи дека многу девојки и млади жени имаат HPV или ЦИН како се нарекува, во најмала рака чудно е тоа што нема заболени од рак иако постојано одат на лекар и им буричкаат долу со разни инструменти кои сигурно не се сто проценти стерилни, затоа што во клиниките има најмногу измутирани бактерии како МРСА (Мутација на Стафилококус Ауреус која е многу резистентна, отпорна на лекови и некои мутации се смртоносни, а најмногу ја има во ординациите и операционите сали). Ако забележиме, рак на матка се појавува зачестено над 40 години. Јас лаички размислувам, над 40 години почнува хормонален дисбаланс и почеток на климактериум (кај некои жени и порано), најчесто предизвикан од СТРЕС, лоша исхрана, земање лекови во се поголеми количини (а особено антибиотици), постојано буричкање од лекарите, зрачењето од електричните уреди и други нешта кои предизвикуваат мутација на клетките. Уште нешто многу важно, ако не и најважно! Секоја вакцина има ограничено време на заштита и кај оваа вакцина не се знае колку време е. Да не зборувам дека не е 100% сигурна заштитата, затоа што може да забележите дека и во испитната група се појавиле 361 случај на рак на матка. Значи ако оваа вакцина трае до 40 годишна возраст, тогаш не само што не е корисна туку е најштетната вакцина било кога направена. Оваа вакцина и приказните за појава на HPV и CIN, ќе уништат многу бракови и врски меѓу младите. Ако кај девојката или жената се појави CIN, таа ќе „биде сигурна“ дека момчето или мажот бил со други девојки или жени, ако таа не го правела тоа. Момчето или мажот ако жената има CIN, ќе „биде сигурен“ дека девојката или жената го изневерува. Ова не само што не е точно туку сметам дека е нарочно пуштена лага од глобалните контролори за да уништат некои вредности во животот како брак за да се намали популацијата. Покрај флуоризацијата, аспартамот (вештачкиот шеќер), лековите кои не лекуваат, Е-мулгаторите или отровните додатоци во храната, вакцинацијата, а особено ваквите вакцини се заговор против човештвото и: ОНОЈ КОЈ ГИ ШИРИ И СПРОВЕДУВА ПРАВИ ГЕНОЦИД Ова е модерен тероризам од највисок степен
HPV типови има повеќе од 100. Постојат 15 пред малигни (пред канцерозни) типови на HPV, а вакцината заштитува само од два (ако воопшто заштитува). Тоа се под број 16 и 18, а останатите пред канцерозни типови се 31, 33, 35, 39, 45, 51, 52, 56, 59, 78, 81, 83. Гардасил, вакцина на фирмата Мерк содржи:
- HPV вирус типови 6, 11, 16, 18 - Натриум хлорид - Натриум борат - Л – хистидин - Полисорбат 80 - 225 микрограма алуминиум
До август 2008 година 26 месеци откако е регистрирана вакцината, има над 8000 пријави за последици од неа и смртни случаи. Пријавени се: - guillian barre syndrome (парализа) - губење на свест (како епилептични напади) - грчеви - отекување на делови од телото - болки во градниот кош - неправилности во работа на срцето - откажување на бубрезите - проблеми со видот - артритис - тешко дишење - појавување на длабоки рани - постојано повраќање - абортирање - менструални проблеми - компликации на репродуктивниот систем - генитални израстоци и тртки - вагинални лезии - HPV инфекции (основната причина поради која се дава вакцината, што би требало да лечи, тоа предизвикува) Освен ова има пријавено над 20 смртни случаи и појава на рак кај повеќе жени
Овие податоци се земени од FDA vaccine adverse event reporting system (VAERS)
Фабриките кои ја произведуваат вакцината зборуваат за сто процентна ефикасност на вакцината. Ова би требало да значи дека се заштитени од рак на матка од двата пред малигни типови кои се во вакцината Во пред вакцинациските испитувања кај 361 жени кои примиле “Gardasil” се појавиле малигни HPV лезии на цервиксот во текот на 3 години. Scot Emerson MD PhD FDA Advisor кажува: „Не верувам дека Гардасил кој заштитува од ХПВ 16 и 18 ќе има позитивен ефект во намалување на ракот во нашата земја“ Вакцината е направена да заштити од ограничен број пред малигни ХПВ кои најчесто се безопасни и се губат без да се лекуваат. HPV вацината има слаби ефекти против високо ризичните типови, оние кои најмногу загрижуваат. HPV вакцината има слаб позитивен ефект кај жени кои веќе имале сексуални контакти, напротив кај нив за 44,6% ја зголемуваат појавата на рак, повеќе од оние кои не примиле вакцина. Вакцината нема позитивен ефект кај оние жени кои ги немаат типовите 16 и 18, токму спротивно го наголемува ризикот и од оние кои ги нема во вакцината а жената ги има. FDA укажува: Ние сме загрижени дека вакцината може да го зголеми бројот на болестите кај оние кои имаат веќе инфекција од HPV пред да бидат вакцинирани. Алтернатива за вакцините Исхраната може да спречи повеќе типови на рак вклучувајќи го и ракот на цервиксот па дури и елиминирање на истиот. Во ноември 2003 година е објавено дека фолната киселина е заштита против пред канцерогени лезии на цервиксот. Употребата на масло од равенсара многу ефикасно делува. Друга студија покажува дека доматите кои содржат многу ликопен се заштита за пред канцерогени лезии на цервиксот. Заклучоци ХПВ инфекциите се вообичаено безопасни и се решаваат сами по себе. Ракот на цервиксот не е така чест како другите типови. Постојат хранливи состојки кои се алтернатива на HPV вакцината
За повеќе информации на www.thinktwice.com Книгата Vaccine safety manual bu Neil Z. Miller
|
|||
| Последно освежено ( Понеделник, 02 Март 2009 14:50 ) |

Контакт
Есо новости
Галерија




Мило ми е што не сум осамен во моите истражувања во врска со ХПВ вакцината. Добро сте забележале дека ракот на грлото на матката воглавно се јавува во повозрасните години (просечна старост во САД 48 години)и смртноста од таа болест е најголема на постари години (од 65 до 69 години). Тоа е само еден од многуте очигледни и логични показатели дека ХПВ не е причинител на болеста.
Моите детални истражувања ги објавив како два посебни текстови, првиот со наслов „ХПВ вакцината е модерен руски рулет“ и вториот „Вистината за ХПВ“ на блог сајтот
www.hpv-vakcina.blogspot.com
Ги поканувам сите заинтересирани да го посетат мојот сајт и да ги прочитаат деталните анализи на проблематиката со ХПВ и ХПВ вакцината. Првото истражување „ХПВ вакцината е модерен руски рулет“ можете да го видите ако кликнете на десната страна на „2009“.
Јас не знам дали има толку гинеколози во Македонија и ако има дали ги знаеш сите и како би ги исконтактирала сита.
Намој да се навредиш ама од ова се гледа кој лаже. На аргументите, може да речеш да така е или не е така кое е наведено а не јас го прашав чичко доктор и тој ми кажаЧ Чедо мое. Девојче ти имаш право да си се вакцинираш слободно и ако имаш аргументи како оние зошто се повелечени 150 000 вакцини во Аме-рика. Јас ти препорачувам и оваа да си ја земеш за заушки и обавезно за сида за секој случај. Инаку појма немаш бе девојче за вакцините, а тој што ти кажува глупости е некој друг.
Секогаш прашај се кој добива и ке ти биде јасно. Што
добива „блогерот“ со тоа што пренесува нешто кое некој по паметен и од него и од тебе го напишал. Накој кој многу повеќе се разбира за вакцините и од тебе и од него и од чичковците кои си ги прашала. „Блогерот“ не измислувал туку превел нешто за некои кои не го разбираат англискиот јазик, а контролата врз жените да се третираат како сопственост е преку незнаењето. Ти ако сакаш да бидеш роб, дозволи им на оние кои не сакаат да имаат сопствено мислење. Ако имаш аргументи повели, ако не „НЕ ТРЕСКАЈ ЗЕЛЕНИ!“
Со почит и љубов
I patem imas nekolku greski vo ova so go procitav.... Human papiloma virus ne predizvikuva rak na matkata tuku rak na grloto na matkata (cervix) i uste nesto vakcinata ne e sostavena od samiot virus tuku od proteini od virusot sinteticki dobieni taka da sigurno ne vnesuvas virus vo organizmor.... i toa sto si negativno nastroen/a protiv vakcinava ne ti dava pravo da ne narekuvas ovci pardon majmuni pardon lugje koi ja primile vakcinata