| Новиот Грип мешавина од птичји,свински и човечки вируси |
|
|
|
| Напишано од Administrator | |||
| Понеделник, 27 Април 2009 18:21 | |||
|
Атланта - Здравствените официјални лица го истражуваат досега никогаш видената форма на грип која е комбинација од свинскиот, птичјиот и човечкиот вирус кој досега инфицираше седум лица во Сојузните држави калифорнија и Тексас. Сите лица се излечени, но случаите ја зголемуваат медицинската мистерија бидејќи е нејасно како тие се имаат заразено со вирусот. Ниту еден од седумте заразени не бил во контакт со свињи, кој е начинот на кој вообичаено луѓето се заразуваат со свинскиот грип. И само неколку биле во меѓусебен контакт, според Американскиот институт за контрола и превенција на болести CDC. Сепак, здравствените власти велат дека ова не е причина за јавна паника. Петте лица во Калифорнија и двете во Тексас закрепнаа. Испитувањата индицираат дека некои матични анти-вирусни медикаменти изгледа дека делавуаат против вирусот. Др. Ан Шучат (Anne Schuchat) од интитутот CDC вели дека официјалните лица сметаат дека може да се шири од човек на човек, што е невообичаено за свинскиот вирус. CDC ги тестира сите луѓе кои биле во контакт со седумте потврдени случаи, а биле болни од доцните денови во март па се до средината на април. Поради интензивното барање, не веројатно би било дека здравствените власти би пронашле нови случаи, изјави Шучат, диреkтор na Националниот Центар за Имунизација и Респираторни Болести од CDC. Официјалните власти од CDC детектираат вирус со уникатна комбинација на гени кои порано не се видени кај луѓе или свињи. Бубачката содржи човечки вирус, птичји вирус од Северна Америка и свински вирус од Северна Америка, европа и Азија. Здравтсвените власти имаат и порано видено мешавини од птичји, свински и човечки вирус, но никогаш таква интерконтинентална комбинација со повеќе од една верига на свински вирус во мешавината. Статијата е преземена од http://www.azstarnet.com/sn/health/290118.php Изворот е од The Associated Press
|
|||
| Последно освежено ( Понеделник, 27 Април 2009 18:39 ) |

Контакт
Есо новости
Галерија


