English French German Italian Portuguese Russian Spanish

“ЕДЕН“ упатува повик за соработка до оние читатели на сајтот кои поседуваат интересни информации, истражуваат и имаат сопствено мислење за теми кои се обработуваат на овие страници или пак имаат преводи на македонски од статии објавени на други сајтови, блогови, часописи... да земат учество во понатамошното креирање и развивање на сајтот. Администраторите ќе ги разгледаат пристигнатите материјали и ќе ги објават оние кои се во склад со информациите кои веќе се нудат, а авторите или преведувачите кои ќе бидат најактивни ќе добијат своја рубрика и статус на уредници на истата. За повеќе информации или испраќање на материјалите контактирајте го администраторот на еден...

ХЕМОТЕРАПИЈАТА – НАЈСУРОВАТА ИЗМАМА НА МЕДИЦИНАТА? Picture PDF Печати Е-пошта
Ниво на корисникот: / 16
НајлошоНајдобро 
Напишано од Ивона Живковиќ   
Четврток, 30 Април 2009 20:25


 ДАЛИ СОВРЕМЕНАТА МЕДИЦИНА СТАНАЛА ПРОТИВПРИРОДНА НАУКА?

ХЕМОТЕРАПИЈАТА – НАЈСУРОВАТА ИЗМАМА НА МЕДИЦИНАТА?

Иако во последниве стотина години многу медицински истражувачи и научници низ светот дефинирале повеќе од 300 терапии кои се покажале сосема успешни (и до 100%) во лекување на ракот, официјалната медицина прифаќа само три методи: хируршка интервенција за отстранување на туморот, зрачење и хемотерапија. Сите три методи го сакатат и разоруваат човечкиот организам и ја третираат само последицата, но не и причината. Дали лекувањето е вистинска цел на современата медицинска наука?

 

Пишува: Ивона Живковиќ

 

 

Општо хемотерапијата (хемиотерапија) е медицински третман во кој со одредени хемиски средства кои се уфрлаат директно во крвотокот, се трујат и убиваат клетките во човечкиот организам. Целта е да се убијат оние кои содржат некои микроорганизми или канцерогени клетки. За таа цел се користат многу соединенија или нивни комбинации со антибиотици и цитостатици (кои спречуваат делба на клетките).

 

Како се пренесуваат преку крвта овие отровни хемикалии така низ целиот организам убиваат и многу здрави клетки и прават огромни разорувања.

Колку се отровни овие материи покажува и тоа што лекарите, медицинските техничари и сестри кои работат со овој „лек“, се должни да носат специјални заштитни ракавици и очила, затоа што само мала количина од овие хемикалии во допир со кожата може да предизвика тешки изгореници.

„Лекот“кој по грешка паднал на кожата на еден пациент.

 

 

„Ако во болницата за време на работа или транспорт дојде до истурање на извесна количина од хемикалиите кои се користат во хемотерапијата, се прогласува биолошка опасност. Тоа подразбира посебни мерки на внимателност, а стручњаците во специјални одела мора внимателно да ги исчистат сите површини кои биле во допир со хемикали-јата и тоа по специјално препишани протоколи. Нели е чудно тоа дека со овие високо отровни хемикалии „лечат“ луѓе и им се инјектира директно во крвта?“

 

 

Првиот лек кој е направен за потребите на хемотерапијата е „salvarsan“ и него го создал уште во 1909 година Пол Ерлих (Pol Erlih)  за борба против сифилис. За тоа добил Нобелова награда.

 

За пациентите хемотерапијата е особено тешко мачење еднакво на средновековното мачење на инквизицијата. Освен мачнината која се јавува не само за време на примање на овие отрови во организмот, туку и неколку дена па и недели потоа,  доаѓа до тешки оштетувања на клеточно ниво во целиот организам.

 

Најпрво се уништуваат крвните клетки, црвени и бели и се спречува нивната делба. Делбата на клетките во организмот е постојан процес и тоа е основа на животот.

 

Затоа во крвта се внесуваат други лекови кои потоа го подигаат нивото на белите крвни зрнца.

 

На слузокожата на усната празнина се појавуваат тешки оштетувања и чиреви и кожата е толку уништена што нервните завршетоци остануваат соголени. Јадењето храна и вода така станува неподносливо заради чувството на печење и жарење.

 

Не грижете се, кажуваат образованите лекари, и за тоа постојат специјални раствори за плакнење на устата.

 

Ист тип на чиреви се јавуваат во цревата и како резултат се појавуваат тешки проливи. НО, фармацевтската индустрија и за тоа направила некои лекови кои може да се даваат за да се намалат тешкотиите барем за малку.

 

Секако на ист начин страда и мочниот меур.

 

Хемотерапијата (читај труење) предизвикува опаѓање на имунитетот, губење на апетит и логично констипација (запек). Верувале или не, сето ова СОВРЕМЕНАТА МЕДИЦИНА на 21 век го нарекува ЛЕКУВАЊЕ (како гордо тоа звучи прим. прев.)

 

Лекување на ШТО????

 

Кажуваат на малигниот тумор, затоа што тој треба да се намали и уништи. Друг начин освен хемотерапија, зрачење или сечење со нож – НЕМА велат учените лекари!

 

Како е можно после скоро 100 години откако се вршат истражувања во лекување на ракот и на кои се потрошени до сега најмалку трилиони долари. НЕМА подобра терапија? Што правела медицинската наука по ѓаволите, кога за сто години и толку потрошени пари не успеала да најде за лекување на ракот нешто помалку отровно и помалку штетно и мачно?

 

Вистината е дека денес во светот постојат најмалку 300 многу успешни терапии за лекување на ракот, но сите тие упорно се водат како алтернатива (во превод замена) и тие не се препорачуваат од официјалната медицина. Водечките светски здравствени авторитети и понатаму предност даваат на труењето, печењето и сечењето, исто како и пред сто години. Кој ја замрзнал медицинската наука на ниво од пред 100 години?

 

Тоа го направила една мала, но моќна и потполно злонамерна група на капиталисти за да си го обезбеди својот профит.

 

Во 1920 година фармацевтската индустрија, хемиската индустрија и нафтената индустрија (многу лекови се прават од супстанци кои се добиваат од дериват на нафтата) се здружиле во единствен бизнис, а нивните сопственици ги вкрстиле сопственичките структури во сите водечки компании од горе наведените области. Така се случил корпоративниот бизнис на фармако-петро-хемиската индустрија.

 

Нивните транснационални корпорации и денес ја покриваат практично целата Земјина топка со хемиски и фармацевтски производи, трговијата со нафта, медицинска опрема и снабдување на сите водечки клинички центри.

 

Терминот „корпорација“ е изведен токму од зборот „корпус“ – тело. Корпорацијата е тело само за себе и тоа се храни и живее само ако постојано се храни со профит. Целта на корпорацијата е постојано да се зголемува, ако треба и војна се води за тоа. За таа цел корпорацијата вовлекува во себе се повеќе области и работи и ги поврзува, при тоа ги голта помалите компании. Само од „лекувањето“ на ракот корпоративниот бизнис денес врти преку 200 милијарди долари годишно и најголемиот дел од колачот оди кај оние кои за себе го земале најголемиот дел од пазарот. Корпорацијата Bristol–Myers денес е главен снабдувач со хемиски супстанци за хемотерапија. Нејзините луѓе се во управните одбори на сите водечки болници и истражувачки центри. Bristol-Myers снабдува половина од светот со лекови за хемотерапија. Членовите на управниот одбор на оваа компанија истовремено се и на челните позиции и функции во Американскиот Национален Институт за истражување на ракот (NCI). На пример:  Pol A. Marks е претседател на Извршниот одбор во болницата  Sloan-Ketering и истовремено директор на моќната компанија Фајзер (Pfizer), која произведува лекови кои се користат во хемотерапијата. Džejms Robinson е член на управниот одбор на Sloan – Ketering и директор на Bristol – Myers. Затоа Слоан Кетеринг болницата, Националниот Институт за Рак (NCI), Асоцијацијата за борба против рак (ACS), Американската медицинска асоцијација (АМА), како и Администрацијата за храна и лекови (FDA), се вклучени во борбата со која се штитат интересите на профитерите од оваа болест.

 

За работата на оваа канцер мафија пишувал детално во својата книга „Светот без рак“ Едвард Грифин уште 1974 година.

     

      Членовите на Советот за општа едукација на првата Рокфелерова фондација снимени 1915 година (горе) и Управниот одбор на Институтот Рокфелер за медицински истражувања (долу). Рокфелеровата фондација така со својата „филантропска“ работа и со донациите ги поставила своите луѓе во многу медицински школи и истражувачки центри и болници широм Америка. За ова детално пишувал E.Richard Brown во својата книга "Rockefeller Medecine Men " (Medicine & capitalism in America).

 

„Хемотерапијата е многу доходовен бизнис. За докторите, болниците и фармацевтските компании... Медицинскиот естаблишмент сака секако да го следи истиот протокол. Тие не сакаат индустријата на хемотерапија да потфрли и тоа е пречка број еден за било каков напредок во онкологијата“ Dr Glenn A. Warner, M.D

 

Да дошло до глобалната инкорпорираност пред 200 години наместо 100, кога е откриена нафтата како кокошка која несе златни јајца, наместо хемотерапија ракот би се лекувал со пијавици. И тоа би било прифатено како ортодоксна медицина. Ако лекувањето со пијавици во однос на хемотерапијата ви делува примитивно, имајте предвид дека „лекувањето“ со пијавици е многу по безбедна терапија од „лекувањето“ со отрови.

 

Но, најголемиот број лекари и пациенти не прифаќаат дека хемотерапијата е обична измама.

 

 

 

Да направиме мала аналогија и да погледаме што би се случило медицината пред 200 години, во времето на лекување со пијавици, да се инкорпорирала во профитабилен систем на петро хемискиот труст.

 

Познато е дека пуштањето крв било вообичаена медицинска терапија стотици години уште од Античко време. Многу болести биле „лекувани“ на тој начин. Тоа го спроведувале обучени лекари. Оваа стара терапија на засекување на пациентот со нож во 19 век ја заменил многу по современ начин, со помош на пијавици. Ножот веке не бил неопходен и тоа бил голем напредок во медицината.

Пијавиците се користени за симптоми на ларингитис, ментални пореметувања и дебелина. Клиниката со пијавици напредувала и се развивала па со време е откриено дека американските видови пијавици се подобри од европските, затоа што прават помала засекотина на кожата и цицаат помалку крв. Тоа за пациентот е побезбедно. Така динамиката на цицање крв можела стручно да се регулира со додавање или намалување бројот на пијавици. За ова веројатно се специјализирале лекарите „пијавичари“. Терапијата била толку популарна што пијавиците се скоро уништени. Се специјализирале веројатно и одгледувачите на пијавици, па собирачите, па трговците кои ги продавале на лекарите и т.н. Сите кои учествувале во овој бизнис секако си нашле свој интерес (добивка).

 

Овие „бизнисмени“ од 19 век ако се организирале тогаш како една корпорација и еден интересен клан, можеле да издејствуваат монопол на одгледување на пијавици, на нивна дистрибуција и медицинска терапија. Би инвестирале тогаш во обука исклучиво на лекари „пијавичари“ и би ја патентирале оваа терапија како своја, па би ги дефинирале своите протоколи за лекување. Би инвестирале во болници кои оваа терапија би ја спроведувале, исклучиво по нивни протоколи и добро би го наплатувале тоа. Најголемиот дел од заработувачката би одел на главните пијавичари кои го регистрирале патентот.

 

За да го задржат монополот во терапијата мораат да ги контролираат сите бари од кои би можеле да се набават пијавиците или евентуално да ги исушат, па после тоа да направат свои заштитени базени за нивно осгледување. Би го држеле монополот во дистрибуцијата со пијавици, нивно посебно пакување и би ги попуаризирале преку новини. Граѓаните така би биле убдени дека пијавиците се најсовремена медицинска метода за лекување на многу болести.

 

Пијавичарите би отворале свои центри за обука, медицински школи, универзитети, би издавале медицински учебници. Во управните одбои на овие институции би седеле проверени пијавичари. Медицинските студенти би ги учеле за најсовремените медицински достигнувања во третманот со пијавици.

 

Лекарите кои без приговор би го практикувале лекувањето со пијавици би оделе на меѓународни семинари во егзотични краеви и би добивале скапи подароци и платено стручно усовршување од одгледувачите на пијавици. Кланот на пијавичари за своите одбрани лекари би вовел посебна, светски призната награда за достигнувањето во медицината и како печурки после дожд би никнувале истражувачки центри кои би се занимавале со генетиката на пијавиците и рекомбинирање на нивната ДНК како би се добиле нови и современи видови кои безболно ја бушат кожата и цицаат крв.

 

Посебни фарми би одгледувале вакви пијавици во најстерилни услови и сите научни истажувања би биле многу скапи и тоа подоцна ќе се одрази на цената на третманот.

 

Во корпоративниот ланец би се вклучиле фарми на кои би се одгледувала само храна за пијавиците.

 

За санирање на лузните од раните кои ги предизвикуваат пијавиците ќе се специјализирала посебна фармацевтска гранка која би произведувала мелеми, кремови, лосиони и слично, за побрзо закрепнување. Бизнисот би се ширел.

 

Научниците во посебни институти би ја проучувале и утврдувале количината на крв која пијавиците треба да ја исцицаат за секоја bolest. Резултатите би излегувале во стручни часописи кои би ги финансирале пијавичарите. Би постоеле пијавици за тумори, за реума, хипертензија, дијабетес .... и секако, доктори „пијавичари“ кои се специјализирани за тоа.

 

Цената на лекувањето би ја подигнале во небо и оние граѓани кои имаат помалку пари би морале да одат на медиумите и да молат за хуманитарен прилог за лекување на своето болно дете во најпрестижната пијавичарска клиника која пак скапо би ги наплатувала своите третмани.

    



Медиумите кои се во сопственост на пијавичарите би настојувале да се лекува исклучиво со пијавици, а сервилните телевизии би собирале пари за набавка на лекови за некои луѓе кои немаат самите доволно. Жените би се повикувале обврзно барем два пати во годината да одат на лекар на третман пуштање крв со пијавици и тоа би се нарекувало превенција. Оние кои не би се јавувале на овие превентивни третмани би биле преку истите медиуми застрашувани со можно добивање на оваа „опасна болест“.

 

Невладиниот сектор би настојувал парламентот да донесе закон за задолжително пуштање крв како превенција.

 

Пијавиците би ги продавале само за девизи за државните и приватните болници да земаат кредити во евра или долари за да ги набават. Секако медиумите би ги рекламирале американските пијавици како најдобри. НАЈДОБРИ ВО ЦЕЛ СВЕТ!

 

И сите во ланецот би заработувале пари. Се по потреба и во склад со медицинската наука која никогаш не би смеела да излезе вон рамките во кои се наоѓа терапијата со пијавици.

 

Сите понатамошни истражувања би биле запрени, а секако секој кој би помислил да се лечи на друг начин освен со пијавици би бил прогласуван за шарлатан и надрилекар.

 

МНОГУ ВАЖНО! АКО НЕКОЈ ПАЦИЕНТ САМО СЕ ОСМЕЛИ ДА НЕ САКА ДА ЈА ПРИМИ ОВАА БОЖЈА ПРИЛИКА ДА СЕ ЛЕКУВА НА ОВОЈ НАЧИН, НЕКА СЕ ОТКАЖЕ ОД БОЛЕДУВАЊЕТО И ПРИ ТОА НЕМА ДА МУ БИДЕ ДАДЕНА НИКАКВА ПОТВРДА ДЕКА Е БОЛЕН ОД РАК!

 

Медицинските здруженија само на лекарите кои лечат со пијавици би им издавале лиценци за лекарска пракса. Секои алтернативни лекувања би биле забранети, а оние кои би ги применувале би ги нарекувале надрилекари и преку медиумите ќе ги омаловажуваат и исмеваат.

 

 

Како би се увериле неверните дека тоа е ЕДИНСТВЕНОТО ИСПРАВНО лекување би биле правени лажирани статистики во врска со бројот на излечените од разни болести. Кој би можел тоа да го провери кога во сите управни одбори на научните институции и во сите медицински училишта се наоѓаат пијавичарите?

 

За најголем дел од болестите доколку би наше лек кој ги лекува медицинската наука не би требало да истражува и да бара нови оптимални начини на користење на пијавици за одредени болести. Излекувањето од рак би било тука некаде, на еден чекор од решението, постојано во нови откривања кои апсолутно не го решаваат проблемот, инаку истражувачите би останале без работа, а ако луѓето оздравуваат нема да имаат потреба никогаш повеќе од нивните услуги и бизнисот пропаѓа. За одгледувачите на пијавици ноќен кошмар е здрав и умрен човек, затоа единственото нешто кое во медицината работи е спасување на животот (да не изгубиме муштерија).

 

Министрите од државните буџети би издвојувале огромни сретства за понатамошни истражувања на пијавиците и нивна генетска модификација. Некако не ми е јасно или се правам дека не ми е, зошто се потепаа кој да стане министер за здравство, веројатно многу се „грижат“ за здравјето на луѓето, а тоа што умираат по болниците секој ден се повеќе ќе биде толкувано дека НЕ СЕ ЈАВИЛЕ НА ВРЕМЕ КАЈ ЛЕКАРОТ за да добијат третман со пијавици. А, едно ептен глупаво прашање: КОГА Е НА ВРЕМЕ???

 

Генерации на лекари би биле убедени (у-беда) дека денес се живее подолго и поздраво само благодарејќи на пијавиците и лекувањето на многу болести.

 

ДАЛИ СЕТО ОВА ВИ ДЕЛУВА ШАШАВО? ИЛИ МНОГУ НЕШТА ТУКА ВИ СЕ ПОЗНАТИ?

А дали ви делува шашаво тоа дека модерната медицина во 21 век применува лечење со хемотерапија која се појавила во 1909, од која косата паѓа, се разоруваат ткивата и луѓето кои ја примиле го проколнале денот кога се родиле, ама кога ќе потпишат дека прифаќаат имаат само еден избор да се спасат од тоа, да умрат.

 

Дали вам ви е необично тоа што во хемотерапијата се користат и хемикалии кои истовремено се користат како бојни отрови (како на пример citotoksin bis2-hloroetil –sulfid познат како сенф гас по својот карактеристичен мирис).

 

И сето тоа чини од 300 000 до 1 000 000 долари. Кој ја одредил така високата цена на овие отрови? Дали знаете кој денес седи во управните одбори во тие еминентни светски клиники?

 

 

СО ШТО СЕ ОПРАВДУВА КОРИСТЕЊЕТО НА ХЕМОТЕРАПИЈАТА

 

 

Единствен начин да се оправда користењето на хемотерапијата и зрачењето е доколку овие третмани значајно го продолжуваат животот на пациентот, но да не заборавиме и квалитетот на тој живот, зошто ако се продолжат маките и продлабочат тоа не е оправдано. Тоа значи дека хемотерапијата (после хирургијата) е единствен начин туморот, доколку го загрозува животот, да се смали и елиминира. Имајте на ум дека не е секоја малигна израслина на витален орган и многу не преставуваат пречка за животните функции.

 

Точно дека на овој начин бргу се намалува туморот, но се намалува и времето на животот на пациентот. Еве што кажува  dr  Filip Binzel кој преку 30 години работел со тумори:

 

„Кога ќе се открие кај некого тумор, прво кое лекарите размислуваат е што да направат со израслината. И кога таков пациент прима хемотерапија, вниманието на лекарот најчесто е свртено кон тоа што се случува со туморот. Основна цел е да се намали и елиминира туморот. Но, како со оваа терапија се смалува туморот, пациентот станува се по болен. Застрашувачки е колку ова на лекарите не им пречи, а им пречи постоењето на туморот, кој најчесто не му пречи ни на пациентот, освен тоа што кај него предизвикува паничен страв“. (Овој страв најчесто го поттикнуваат медиумите).

 

“Најстрашно е тоа што по елиминацијата на туморот, по хирушки пат или со хемотерапија, пациентот го сметаат за речиси излекуван, но не е така. Вистината е спротивна на тоа“.

 

Доктор Бинзел потсетува дека туморот е само видлива манифестација на пореметувањето кое се случува во целиот организам. Отстранувањето на туморот не значи и одстранување на причината за болеста. Борбата против ракот мора да биде борба против канцерогениот процес во целиот организам. Смртта никогаш не доаѓа од една малигна израслина туку од метастазите.

 

За жал конвенционалната медицина потполно е концентрирана на симптомот, а не на причината. Така со хемотерапијата, зрачењето и со хирургијата во основа не се третира ракот како процес, а луѓето по операцијата се пуштаат дома сметајќи дека ширењето на ракот на тој начин е запрено.

 

Не постои ништо во хирургијата за отстранување на ракот што може да го спречи неговото ширење кaжува Др. Бинзел. Радијацијата исто така не може да го спречи ширењето. Ни хемотерапијата не го запира ширењето на процесот. Од каде го знаеме ова?

 

Едноставно со преглед на статистиката“

 

......

 

„Постои во медицинската статистика нешто кое го нарекуваме време на преживување. Тоа е дефинирано како временски интервал од моментот кога ракот е дијагностициран до моментот кога пациентот умира од оваа болест“.

 

....

 

„Последните 50 години огромен е напредокот во раното дијагностицирање на ракот. Во истиот период огромен напредок е направен во хирургијата и способноста да се отстранат туморите. Огромен напредок е направен и во примената на радијацијата и хемотерапијата и нивната способност да ги намалат и отстранат туморите. Но, времето на преживување на пациентот денес не е поголем од оној кој бил пред 50 години. Што значи ова? Очигледно значи третираме погрешно нешто“ пишува во својата книга Др Бинзел  „Живи и здрави“ (Philip Binzel, M.D., Alive and Well).

 

Др Филип Бинзел смета дека во примарниот стадиум на ракот, освен мал број на исклучоци, туморите не го загрозуваат здравјето ниту животот на пациентот. Она што претставува опасност е ширењето на болеста на целиот организам“.

 

 

ХЕМОТЕРАПИЈАТА УБИВА ПОБРГУ ОД РАКОТ

 

 

Многу луѓе кои „умреле од рак“ всушност умреле од третманот кој вклучувал хемотерапија или зрачење. Така хемотерапијата ги убива здравите клетки во организмот пред да го уништи ракот кој може многу бавно да се развива.

 

Најголемиот број пациенти кои „умреле од рак“ всушност умреле од изгладнетост затоа што канцерогените клетки ги земаат хранливите состојки од крвта и го разоруваат имуниот систем па така ослабениот организам е подложен на многу инфекции од кои веќе не е во состојба да се брани. Освен тоа со хемотерапијата се уништуваат и клетките во цревата, усната шуплина и од потполна изнемоштеност организмот престанува да бара храна.

 

Значи, хемотерапијата не само што не го засилува имуниот систем, таа го ослабува. Сите овие појави кои ја следат хемотерапијата медицината ги „лекува“ со додавање на нови лекови кои фармако-бизнисот ги подготвил како помошни средства во хемотерапијата.

 

Така, кога ќе се уништат белите крвни зрнца, тие се подигаат со нови лекови на некое подносливо ниво. Улцерациите се лекуваат со раствори за плакнење, а тука се и лековите против пролив или затвор. Современата медицина има лек за се, само нема лек за ЧОВЕЧКАТА ГЛУПОСТ. Сето тоа е вклучено во цената на третманот, па една хемотерапија денес чини 300 000 до 1 000 000 зелени шушки (долари $$$$$$). Оние очајници кои веруваат во современата медицина мораат уште и да ги молат и да ги спонзорираат (читај подмитат) лекарите на ВМА во Белград (тоа не важи за “Мака-донија“), за да го добијат овој скап третман, дека на крајот сето тоа треба да го плати Фондот за здравственото осигурување. (А од чии пари, пак од оние од кои лекарите би земале плата, но ако ги потрошат на бесмислени лекови, ќе нема за нивна плата, ама кој размислува за тоа во Мак).

„Најголемиот дел од пациентите заболени од рак умираат од хемотерапијата. Хемотерапијата не го отстранува ракот на дојката, дебелото црево или ракот на белите дробови. Овој факт е документиран уше од пред десет години, но лекарите и понатаму упорно ја користат хемотерапијата за овие тумори“.  (Allen Levin, MD UCSF “The Healing of Cancer”)

 

„Германскиот епидемиолог од „ Mannheim Tumor Clinic“ во Haidelberg, dr Urlih Abel, направил обемно истражување и анализа на секоја главна студија и клиничка примена на хемотерапиите кои се било кога направени во светот. Неговите заклучоци треба да ги прочита секој кој сака да се качи на „хемо експрес“ запишал во својата книга „Внатрешниот доктор “ Tim O’Shea (The Doctor Within).

 

За да биде сигурен дека земал в предвид и прочитал се што било кога е публикувано за хемотерапијата Др. Абел пратил писма до 350 медицински центри низ цел свет тражејќи да му пратат се што е публикувано на таа тема. Абел проучувал илјадници пишани документи и веројатно во светот никој подобро од него не знае за хемотерапијата.

 

„За анализирање му требале неколку години, но резултатите се изненадувачки: Абел открил дека од севкупната научна евиденција за примена на хемотерапијата која му била на располагање, никаде нема докази дека хемотерапијата на било кој забележлив начин го продолжила животот на пациентите кои страдале од најчестите видови рак“.

 

„Абел во својата работа нагласува дека хемотерапијата ретко може да го подобри квалитетот на животот на заболениот. Тој ја опишува хемотерапијата како „научна катастрофа“ и кажува дека најмалку 80 проценти од хемотерапиите во светот се бескорисни, но ни еден лекар ниту пациент не сака да ја одбие иако нема никаков научен доказ дека таа нешто помага“. (Објавено во медицинската ревија Lancet од 10 август 1991 година).

 

Ниту еден водечки медиум во светот никогаш не споменал ни збор за оваа обемна студија. Таа е тотално занемарена. (Можете да претпоставите дека медиумите се во сопственост на „пијавичарите“).

 

Со споредување на „времето на преживување“ и хемотерапијата кај третирани и нетретирани пациенти се доаѓа до следните резултати:

„Моите студии покажаа дека нетретираниот рак на болните им дава до четири пати поголеми шанси за подолг живот, од оние третираните. Ако некој има рак и реши да не прави ништо, ќе живее подобро и поквалитетно од тоа да биде изложен на радијација, хемотерапија или хирургија...“ тврди професорот  Hardin Džons (National Cancer Institute of Bethesda, Maryland, 1956 Transactions of the N.Y. Academy of Medical Sciences, vol 6.). Доктор Џонс спровел глобално истржување на сите видови на рак и ги споредил нетретираните и третираните случаи и заклучил дека нетретираните живеат подолго и често ги надживуваат оние кои се третирани.

 

Како стојат работите на нашиве преостори?

 

Денешново општество кое почива на пари како „вредност“ на моралот треба и ова да го промени. Затоа и од лекарите денес се очекува да прават пари, а не да ги лекуваат луѓето. Така и глобалната политика во здравството е од лекарите да се направат дилери на лекови, а од здравите луѓе пациенти (потрошувачи). Парите станаа повеќе ценети од животот, па огромен број луѓе низ светот стануваат биолошки вишок. Намалувањето на бројот на луѓето на планетава ја наметнува глобалната светска финансиска елита и тоа треба да го спроведат оние од кои тоа најмалку се очекува – лекарите. Невидливиот непријател е најефикасен. Лекарите така денес станаа најмасовни убијци и масовни егзекутори.

 

 

 

КАКО ДА СЕ ОДБРАНИМЕ?

 

 

Природата сепак е посилна од човечкото зло и еден биолошки механизам кој е вграден од Креаторот во телото на секој здрав човек. Затоа, ако кога одите на лекар чувствувате СТРАВ – знајте дека тоа Креаторот ви праќа сигнал за опрасност. Тоа го чуватвува секое дете веднаш штом ќе види лекар. Дали сте се запрашале некогаш зошто? Сега знаете. Овој природен сигнал иститот тој  медицинско корпоративен клан го нарекол ијатрофобија и го рекламира како болест. Затоа „стручно“ ќе ви препорача да се јавите на психијатар.

 

Ваша е одлуката дали ќе одите или не.

 

Текстот е преземен од www.galaksija.com со дозвола на авторот.

 

Текстот е објавен со мали измени во белградскиот лист „Tabloid“ од 11.12.2008

 

 

 

Превод Антитрп Богумилски

 

Последно освежено ( Петок, 08 Мај 2009 10:48 )
 
Коментари Note
преку тасета
8 Среда, 13 Март 2013 11:50
УПМ
Седум месеци се обидувавме со сите можни "алтернативnи" методи и лекувања.
НИШТО!!!
На интернет има секакви будали кои за малку пари ќе ве тераат дури и мочката да си ја пиете како вид хомеопатија. Наводно во неа е запишано се што се случува во вашиот организам. Грозно, нели?

Болните од карцином се болни и исплашени а овие опортунистите очигледно добро го користат тоа, со помош на интернет.

ММС, Семки од Кајсија, Мулти дози на Витамин Це и што уште не ... сода бикарбона вбризгувавме.
Верувајте вие дека било кое од овие лечи или помага ама недај боже да ви почукне неволјата на врата еден ден.
Гледам таму некои смешни пораки од типот, најди на интернет информација ... ИНТЕРНЕТОТ е најзлоупотребуваната т.н. придобивка на човештвото.
Секакви будали нудат секакви решенија за подобро здравје, живот итн.

Алал парите што ми ги земавте. Јас нема да ви судам ... Има друг за тоа.
rakot
7 Сабота, 03 Октомври 2009 21:20
Milijana
Pozz i od mene.Jas veruvam vo edna teorija deka prevencija od rakot e ne konsumiranje na : konzervansi, voda(pijam caj, dobro prevriena voda)kecap, majonez, senf, gricki, bel leb(mesam domasen) bel seker(retko zasladuvam dusa)sol(koristam morska)zaprski za mandzi Prirodata dala tolku mnogu ubavi jadenja..a nie site se hranime nezdravo, przeno, preprzeno. Ne ja poddrzuvam hemoterapijata.Ima nekakva smisla seto toa, i veruvam deka vistinata za rakot se krie.Strav mi e i apce za glava da se napijam, pa prespivam, ako me zaboli ponekogas.Veruvam deka rakot e samo manifestacija na zabolenoto covecko telo koe podolgo vreme se borelo so otrovite vo nego.Nautro se preporacuva da izdvakate lazicka leneno seme i da ispiete 200ml voda mlaka.Se preporacuva i tri-cetiri gorclivi semki od kajsija da izedete i posle 30 min da ne konsunirate nisto, za da se iscistel organizmot od hranata od prethodniot den.Ova se samo korisni soveti..pozz na site i ja razbiram bolkata, tagata, nervozata po ova prasanje.Veke zagubiv tetka, tetin, bratuced..se prasuvam do koga?Mladosta e ubava..zosto???zosto???
MEDICINA
6 Понеделник, 03 Август 2009 08:33
Vladimri Naumoski
Ima eden termin "INDUSTRIJA "dami i gospoda. Ovoj termin se koristi za site segmenti od opstestvenite raboti i proizvodstva preku koi se zarabotuvaat OGROMNI kolicestva na pari i kapital. Ovoj termin ekskluzivno imaat pravo kako epitet da mu se dodeli na site dejnosti koi nosat BILIONSKI profiti. Eden takov e i FARMACEVSKATA INDUSTRIJA ili industrijata za porizvodstvo na lekovi. Oni se ke napravat samo da go maksimiziraat profitot, oni se spremni da napravat VIRUS za da prodavaat vakcina i lekovi. Ne postoe eden lek koj pokraj prvicniot dobar efekt ne predizvikuva katastrofalni posledici ili vo najmala raka go remeti celokupnnoto Fukcioniranje na coveckiot organizam kako i negoviot odbranben mehanizam. Lekot ili imunitetot so koj bi trebalo nasiot sovrsen organizam da se spravuva od site bolesti e vo toj slucaj OSLABEN. Lekot e sekogas 5 pari i se naogja okolu nas, se naogja vo prirodata, vo energijata vo pozitivnata misla, vo STRUKTURIRANATA voda. Megjutoa se toa nema potkrepa od industrijata i e sprotivno na maksimiziranjeto na profitot, zatoa se vodi kako naucno nedokazano i neprifateno...... Lugje razbudete se, istrazete ke videte deka sepak postojat lugje koi se izlecile od najteski formi na RAK i drugi VIRUSI so pomos na tradicionalni metodi, bioenergija, strukturirana voda, zdrava ishrana i taka nataka,.....
za Bobinka
5 Сабота, 01 Август 2009 11:57
Gogo
За каква статискика зборуваш? Јас јадам месо ти зелка а заедно статистички јадеме сарма.
Со статистика јас може да ти докажам дека Исус е најголемиот злочинец во историјата на човештвото, иако вистината е спротивното.
Статистиката кажува дека еден од најмалку застапените ракови е ракот на матката, а напрвија вакцина за него, а не за гради.
Статистиката покажува дека секоја година се повеќе луѓе умираат од рак, а покажува дека хемотерапијата ги лекува, ова нешто не ми е јасно само се трудам да не се збунам покрај лудите, знаеш онаа изрека "луд...збуњеног".
за Гого
4 Петок, 05 Јуни 2009 22:16
Бобинка
гого, нема аргументи, има статистики...
а тие се достапни на интернет.
коментар на коментар на Мартин
3 Среда, 03 Јуни 2009 12:32
Гого
Еее Мартине, мартине, штета што денешнава инквизиција ги нема тие ингеренции како до пред неколку векови инаку оваа Ивона ќе гореше на логорски оган како вештерка затоа што се осмелува да не верува во оние кои не убиваат „за наше добро“. На аргументи ти одговараш со твое верување, па до кога бре вака браќа, ем немаш аргументи ем напаѓаш. Претпоставувам дека и ти си во бизнисот со хуманата еутаназија на болните од рак и од тоа заработуваш или пак си од сектата на белите мантили, а можеби свештеник во новата религија наречена Медицина. Ако е така те разбирам дека мора да си го браниш бизнисот, а ако не е тогаш кажи нешто со аргументи, а не вака на памет и од верување.Мене Ивона ме замисли иако повеќето од тие нешта ги знаев ама не дека до толку е расипана работата.
По-здрави и Господ да не чува од Лукавиот.
komentar
2 Сабота, 30 Мај 2009 17:47
kokal
Mорам да коментирам на коментарот-критика на Мартин
срамота е да се критикува без да се има аргументи-зборот срамота ли е аргумент..
Прочитајте малку на интернет и споделете информациja
Срамота
1 Сабота, 30 Мај 2009 16:11
Мартин
Го затекнав ова како линк од моја пријателка... искрено? Истото што и го пишав и на неа:

... авторот е??? И каде се побогу конкретните информации?! Што е тоа што е скриено од нас?! Кои се тие ,,надри лекови" за кои знае само подземјето?!?!?!?! Само пари, никаква статистика, научно испитување... комедија од текст... повеќе звучеше ко комерцијална реклама, ама...

И дали само што некој се обиде да ми ја спореди хемотерапијата со третман со пијавици? И дали тој некој всушност знае дека сè уште се применуваат пијавици, да, дури и во современата медицина (но не и за истите причини како во средновековието)?!

Секакви имаат пристап до интернет... што е следно, хирургијата е атак врз телото? Дали следниот наслов на The New Yorker треба да биде: Aortic valve replacement - just another scam?!?!?!

Ваквите... wanna-be креативно слободоумни умови ни го трујат општеството... и затоа сè уште живееме во средновековие! И затоа е срамота.
критика и критика на критиката
Понеделник, 01 Јуни 2009 14:32
Митко
Уште еден доказ колку е човековата перцепција селективна и ограничена...а со самото тоа и инвалидна.
Секој си го гледа (чита) она што и претходно го носел како пред-убедување.

Мартин прашува:

1) „авторот е???“.
Јас коментирам: Кој и да е, не е важен гласникот, туку пораката.

2)„И каде се побогу конкретните информации?!“
Јас коментирам: Истото од првиот пасус.

3)„И дали само што некој се обиде да ми ја спореди хемотерапијата со третман со пијавици?“
Јас коментирам: Истото од првиот пасус + Не постои продавач ако не постои купувач, а тој самиот одлучува за чинот...како и за се друго во животот, вклучително и да го етикетира „продавачот“ за своето постоење како гласник - носител на информација, која засебе, е предмет на одлука дали ќе се чуе (и разбере).

4) „Секакви имаат пристап до интернет... “
Јас коментирам: WOW!Дали да коментирам или не? Не нема да коментирам. Наместо тоа ќе се извинам што имам пристап до интернет, што од тој неограничен медиум сум научил нешто од што сега живеам, што преку него ме контактираат лица кои велат дека сум помогнал во нивната лична трансформација... итн, пораката е испратена и без трите точки.

5) „Ваквите... wanna-be креативно слободоумни умови ни го трујат општеството...“
Јас коментирам: Мартине, која е твојата амбиција во животот? И се разбира, прашањево не е заради одговорот, туку заради прашањето!

Додади го твојот коментар

BoldItalicUnderlineStrikethroughSubscriptSuperscriptImageOrdered listUnordered listQuoteCode
Happy smileyVery happy smileyWinking smileyOh my God !Smiley with tonque outHot smileySad smileyCrying smileyShocked smileyBe Right BackAshamed smileyConfused smileyI dont knowThinking smileyEye-rolling smileySleepy smileyDon't tell anyoneBaring teeth smileyParty SmileySick smileyAngry smileyDevilAngelNerd smileySarcastic smileySecret tellingThumbs upThumbs downClapping handsFingerscrossedLeft hugRight hugBoyGirlMessengerHeartBroken heartRoseWilted roseKissGiftBirthday cakeCigaretteHandcuffsBeer mugDry martiniI'mMoonStarSunRainbowUmbrellaIslandRainStormDinner plateBowlPizzaCoffee cupCatDogBatGoatSnailTurtleSheepFilmstripNoteE-mailCameraLightClockTelephone receiverComputerMobile phoneXboxSoccer ballAutoAirplaneMoneyFilmFilm LinkSoundPictureExclamationRss
Вашиот псевдоним:
Вашата адреса за електронска пошта:
Предмет:
Коментар: