| Рецепт за исфрлање камења и холестерол од црниот дроб и жолчната кесичка |
|
|
|
| Напишано од Гого | |
| Понеделник, 21 Април 2008 20:28 | |
|
Голем дел од материите кои ги внесуваме во последно време се полни со различни типови отрови кои нашиот црн дроб или јетра не се во состојба да ги пречисти. Особено, зголеменото количество на маснотии се трупаат во него и во жолчната кесичка, па се поголем е бројот луѓе кај кои мора да се отстрани по хируршки пат (жолчната кесичка). Замастениот црн дроб како и „камчињата“ (тоа се згуснувања кои доведуваат до облици и густини како камен), доведуваат или придонесуваат не само за болки во пределот на жолчната кесичка, туку и за ревматични болки, влијаат на работата на панкреасот и друго. Ако црниот дроб или чистачот на отровите во организмот не успее да ги елиминира отровите, тогаш нашето тело постојано е затруено, без оглед колку се трудиме да внесуваме помалку отрови („камчињата“ тешко се раствораат). Ова е рецепт кој го добив од Живорад Михајловиќ Славински а оригинал е од Хилда Кларк и тој кажуваше за негова успешна примена во Америка на преку 500 пациенти без никаква несакана последица и на некаде седумдесетина пациенти во Југославија. Надополнето е со сознанијата за болестите кога е пореметена функцијата на жолчната кесичка и црниот дроб („Акупунктура“ од Топаловиќ, Ферковиќ во издание на Школска Књига Загреб 1980) Потребно е 4 супени лажици рамни (Епсонова сол, Магнезиум сулфат). Се употребува горчлива сол исклучиво, таа не може да се замени со рицинусово масло. 1. 750 грама чиста вода (4 чаши). Во водата се меша горчливата сол до растопување. 2. Во тегла која добро се затвора се става исцеден сок од 2 цитрони (грејпфрути) без пулпа и 125 грама маслинов зејтин, а потоа со клатење се меша. Маслиновиот зејтин се раствора само во цитрон (грејпрфрут) сок.
Дента кога сакаме да го направиме чистењето до 14 часот не јадеме тешка и мрсна храна. Точно во 14 часот престануваме да консумираме секаква храна и течности. Понатаму ниту вода не треба да пиеме. Во 18 часот земаме една чаша од течноста со горчливата сол. Во 20 часот земаме една чаша од течноста со горчливата сол.
Во 22 часот легнуваме во кревет, ја пиеме течноста со сокот од цитрон и маслинов зејтин наеднаш и после тоа треба да лежиме најмалку половина час на високи перници (најмалку 3). После ова време не треба да работиме физички активности (се разбира освен во клозет ако ни се оди). Најдобро е да отспиеме еден дел од ноќта. Вториот ден во 06 00 ја пиеме третата чаша од течноста со горчливата сол. Во 08 00 ја пиеме и четвртата чаша од течноста со горчливата сол. Набргу после тоа добиваме нагон за голема нужда. Нуждата би било пожелно да ја направиме во сад (пример леген со вода). На површината ќе испливаат камчиња од жолчката или ако нема камчиња, тогаш жолта масна материја (холестерол). После 10 часот може да јадеме и најдобро е да биде тоа некоја посна храна. По мое мислење најдобро е варен ориз затоа што оризот ги подмачкува ѕидовите на цревата и многу благо пријатно делува после секое чистење. Чистењето се повторува секои два месеци се додека излегуваат камчиња и холестерол. Ако е чиста столицата тогаш може да се прави на 6 месеци или подолго. Болести кои се лечат или на кои делува ваквото чистење: Жолчната кесичка делува на болката воопшто. Во случај на било каква болка во телото, енергијата во телото е пореметена. Здрава жолчка значи храброст, решителност, борбеност и бестрашност. - Болка во пределот на жолчната кесичка. - Агресивност горчина во устата мигрена затвор, запек дебелеење дизентерија хемороиди (во почетокот влошување, но потоа излекување) болка во рамениците болка во сите зглобови проблеми со слухот и зуење во ушите недоволно доверба во себе недостаток на решителност и страв од неуспех депресија, претерана тага, нерасположение претерана осетливост на ладно несоница заради несигурност и напнатост слабо варење
Црниот дроб влијае на видот. Ги контролира моторните функции, тетивите, лигаментите, мускулите и живците. Делува на емоциите, влијае на менталните и психичките функции. болка во предел на црниот дроб пореметување на видот ноќно слепило пореметување на полните функции лумбаго главоболки пореметување на менструалниот циклус ПМС пред менструални синдром колеричност незадоволство љубомора преосетливост грчеви во мускулите и мускулна слабост бледило зголемена склоност на згрутчување на крвта хроничен бронхитис појава на кожни болести импотенција и фригидност страв анксиозност неурастенија
Ова е само директното делување на жолчната кесичка и на црниот дроб. Индиректно делува на сите неправилности и болести, затоа што ако е пореметена функцијата на чистачот на отрови (ментални и физички), секоја болест станува проблем.
|
|
| Последно освежено ( Среда, 18 Февруари 2009 15:43 ) |

Контакт
Есо новости
Галерија



p.s. Otkako ke dojdeme do solta,lichno ke go probame receptot,verojatno kaj izvadeno zholchno kese,pa,ke pisham povtorno tuka.Pozdrav do site!!!
megutoa ............. posle 4 god. mene mi se vrati prikaskata ama vo mnogu polosa faza zaglaven kamen vo eden od kanalite i + uste 2 kamena . Na kraj otidov pod noz i izvadia se. Mislam deka prikaskata e vo pravilna ishrana i po,alku stres odnosno nervozi.