| Горката вистина за вештачкиот шеќер |
|
|
|
| Напишано од administrator | |||||||||||
| Четврток, 12 Јуни 2008 12:24 | |||||||||||
Страница 1 од 6 Аспартам, вештачки шеќер кој предизвикува многу сериозни проблеми, од губење на помнењето па до тумор на мозокот. Иако е одобрен од американскиот Завод за Заштита на Здравјето (US FDA) како безбеден додаток во исхраната, аспартамот е една од најопасните супстанци на која луѓето некогаш и биле изложени.
Изводот на текстот е превземен од веб страната на Галаксија која пак го има превземено од часописот Нексус,
Автор на оргиналниот текст: Mark D. Gold
Аспартам (Aspartame) е техничко име за вештачки шеќер кој исто така е познат под фабричките имиња - NutraSweet, Equal, Spoonful, Equal-Measure итн. Аспартамот е откриен случајно 1965 год. кога James Schlatter, хемичар на компанијата G.D. Searle тестирал еден лек против чир на желудецот.
Аспартамот е одобрен за употреба во исхраната 1981 година, а за употреба во напитоците 1983 година.Прв пат за конзумирање супстанцата била одобрена уште на 26 јули, 1974 година, меѓутоа во август истата година била вложена жалба од страна на Др. John W. Olney, научник на полето на неврологијата и Јames Turner, адвокат на американскиот Завод за Заштита на Потрошувачите, што заедно со резултатите од истрагата на истражувачките процедури на компанијата G.D. Searle довело до тоа FDA да ја повлече дозволата за употреба на аспартамот, во декември 1974 година. Подоцна, 1985 година, компанијата Monsanto ја купила фирмата G.D. Searle која накнадно ја поделила на две одвоени, супсидијарни компании, Searle Pharmaceuticals и The NutraSweet Company.
Аспартамот е далеку најопасната супсанца на пазарот која се наоѓа во храната и напитоците (и таканаречените “sugar-free” мастики). Тој е одговорен за преку 75% пријави на штетни ефекти предизвикани од додатоците во исхраната, кои се поднесени на американскиот Завод за Заштита на Здравјето (FDA). Многу од тие реакции се исклучително сериозни, вклучувајки губиток на свеста и смрт, како што е објавено уште во февруари 1994 год. во извештајот на Заводот за Здравје и Здравсвени Услуги (Department of Health and Human Services).(1) Неколку од 90-те различни забележани симптоми предизвикани од страна на аспартамот, кои се наведени во овој извештај вклучуваат:
Според научниците кои работеле на проучувањето на споредните ефекти на аспартамот, следните хронични болести можат да бидат предизвикани, поттикнати или влошени во случај на конзумирање на оваа супстанца(2):
Аспартамот се состои од три хемикалии: аспартична киселина, фенилаланин и метанол. Во книгата, Prescription for Nutritional Healing, (автори James i Phyllis Balch), аспартамот е сместен во категоријата “хемиски отрови“. Како што ќе видиме, тоа е точно она што тој навистина е.
|
|||||||||||
| Последно освежено ( Петок, 08 Мај 2009 13:10 ) |

Контакт
Есо новости
Галерија


