| Календар за влегување на земјите во ЕУ |
|
|
|
| Напишано од Сашо | |
| Среда, 14 Јули 2010 09:16 | |
|
2007 - Бугарија влегува во ЕУ. 2010 - Романија влегува во ЕУ 2015 - Македонија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Турција, Албанија, Косово и Србија и Црна Гора влегуваат во ЕУ. 2017 - Се вработува првиот балканец во администрацијата на ЕУ. 2018 - Првиот балканец ги вработува во администрацијата на ЕУ сите свои роднини, роднините на жената, роднините на кумот, најблиските членови на семејствата на комшиите и уште неколкумина од родниот крај, чисто за да ја разбие носталгијата. 2019 - Балканците се веќе 10% од администрацијата. 2022 - Уделот на балканците во администрацијата на ЕУ е 60%, по што платите тројно се зголемуваат, се воведува флексибилно работно време и јужнословенски јазици како "трет службен јазик". 2024 - Поради стрес 90% од вработените во администрацијата се на боледување. Најмногу боледувања се бележат во периодот од 15.06 до 15.10 и од 15.12 до 15.01. болните се најчесто видени по медитеранот, на Бали и на Алпите, каде на трошок на ЕУ се лечат од стресот. Со закон се уредува ЕУ да ги сноси најголем дел од трошоците за лечењето на болните. До нивното враќање на работа се вработуваат нови работници "на неопределено". 2025 - Бројот на Западните Балканци во администрацијата на ЕУ е 90%. Македонците со референдум повторно го одбиваат еврото како своја валута. 2026 - Мора да се направи намалување на трошоците па се отпуштаат чистачките, кафекуварките и возачите. Сите до еден се белгиски државјани. Процентот на балканците во администрацијата на ЕУ достигнува до солидни 99,3. 2027 - Хрватска добива нови кредити од ЕУ, меѓу кои и оние за лапање сарми и млатење празна слама. Хрватското претседателство потоа го завршува шестмесечниот мандат. Црна Гора успешно го завршува процесот на приватизација. До јануари 2028 Белград го превзема претседателствувањето со Унијата. 2028 - Германија во февруари истапува од Унијата. Еден месец подоцна истото го прават Франција и Финска, а до крајот на годината и Велика Британија, Белгија, Данска, Шветска, Холандија, Луксембург, Италија, Шпанија, Португалија, Австрија, Чешка, Литванија, Летонија, Естонија, Грција и Словенија. Потоа сите земји воведуваат строг визен режим за државјаните од земјите на Европската Унија.
|
|
| Последно освежено ( Среда, 14 Јули 2010 09:21 ) |

Контакт
Есо новости
Галерија


