|
Страница 1 од 5 Индукции на емоционалните драми, жетва на емоционална/спиритуална/животна енергија, препознавање на манипулациите, методи на одбрана/заштита од манипулации Дали некогаш сте се разлутиле заради случки за кои подоцна се испоставило дека се тривијални? Дали околу вас се случуваат ситници , кои сосема “случајно“ ги притискаат вашите емоционални рани/слаби точки? Дали ви се чини понекогаш дека некој “зад кулиси“ ги притиска вашите копчиња? Во многу случаи, некој или нешто НАВИСТИНА ГИ ПРИТИСКА. Во оваа статија се зборува за емоционалната одбрана и заштита од невидливиот непријател кој има корист и профитира од вашето претерано доживување и преживување на негативните емоции. Оваа статија се соредоточува на централното прашање на оваа тема, прашањето на економијата на “loosh”. Што е “loosh”? Loosh е израз употребен од Robert Monroe кој означува квантитативно одредена спиритуално/емоционална енергија, која ја произведуваат физички битија како на пример луѓе, која е високо ценет продукт во очите на нефизичките битија кои се хранат со оваа енергија. Иако тоа не е единствена функција на матриксот, тој делува како механизам/машина, која ја екстрахира таа животна енергија од луѓето, така што ги подвргнува на синхронизирано аранжирани емоционални драми. Овде ќе дискутираме за: - природата на емоциите, - за тоа кој манипулира со емоциите преку матриксот, - нивните начини на напад и - кои се методите на заштита. Природа на емоциите Науката ја набљудува емоцијата како завршен продукт на хемикалиите и хормоните кои влијаат врз нервниот систем, продукт кој може да се почувствува, ништо повеќе. Меѓутоа, таквите хемикалии во нашите тела се само физички компоненти на еден севкупен метафизички процес. Телото е поврзано со душата, што не значи дека душата се поврзува со телото и со ќелиите во телото со сила, како што, да речеме, би се врзале два магнета или магнет со железо. Душата генерира морфогено поле кое има тенденција да делува на невроните и клетките на телото и тие да се однесуваат “по некоја случајност“ на начин како би биле одраз на однесувањето на нашата душа. Значи, морфогеното поле ја менува веројатоста на ќелиските случувања на таков начин како би ја одразиле вољата на душата. Кога душата, на пример, чувствува емоција на љубов, невроните во мозокот “случајно“ се однесуваат по одреден образец, образец кој секој невропсихијатар кој ја “исчитува“ работата на мозокот на одредена личност преку ЕЕГ, го интерпретира како одговарачки токму на таа емоција.Во текот на животот во физичкото тело, душата и телото се силно сврзани едно со друго. Дневната свест, егото, живее на граница помеѓу физичкиот мозок и метафизичката душа, што значи дека личноста може да доживее илузија на емоција, на пример, со помош на дрога. Таквите вештачки индукции и “притоки“ на емоции се создаваат низ физичкото тело, а не низ душата. Било какво од тој тип генерирање на емоции преку физички методи, води само кон генерирање лажни емоции. Разликата помеѓу вистинитата и лажна емоција лежи во нејзиното потекло. Постои само една вистинска емоција, љубов и постои само еден нејзин извор, Бог. “Љубов“ и “Бог“ овде, во овој контекст, ги немаат нивните вообичаени значења; љубовта овде не означува физичка интима помеѓу парови и Бог не означува персонифицирано божество. Љубовта тука е дефинирана како креативна енергија, оригиналната воља на Бог, кој ја раздвоил изворната празнина на позитивен и негативен простор и време, љубов - како емоција исполнета со вистина, знаење и свесност. Бог е дефиниран како изворното семе на свесноста од кое произлегла севкупната реалност и секоја индивидуална свесност, Бог е бескраен извор на вистинита емоционална енергија со која луѓето се емоционално поврзани и кон која имаат пристап. Јадачи на емоции Во другите статии на страницата www.montalk.net (од каде што е превземен текстов), користена е следнава класификација на битијата кои егзистираат: нулти, прв и втор ред на битија, за разделување на основните типови на свесност. Бог е битие од нулти ред, луѓето се обично битија од прв ред, а мисловните форми или битија без директна енергетска врска со Бог се битија од втор ред. Исто така, постојат и емоции од нулти, прв и втор ред. Божјата воља е емоција од нулти ред, емоција која го иницирала “Големиот Прасок“. Емоција од прв ред е вистинската љубов која луѓето можат да ја доживеат , тоа е емоција на вистина, знаење и свесност. Емоциите од втор ред се состојат од сето останато, од привидна љубов, страст, омраза, страв, љубомора и презир. Ова се лажни емоции, зошто не потекнуваат од Бог, туку од илузијата. Loosh е израз за емоционална енергија, “негативен loosh” подразбира лажна емоција, додека “позитивен loosh“ означува вистинска емоција. Битијата од втор ред се главните искористувачи на матриксот, зошто се хранат со емоциите од втор ред, со оние кои ним најмногу им одговараат. Филмот Матрикс е метафоричка претстава на овој феномен, која се состои во фактот дека машините ги претвориле луѓето во батерии, иако би имале многу повеќе енергија доколку се послужеле со искористување на нуклеарно/атомската енергија. Всушност, метафората алудира на фактот дека “машините“ или битијата од втор ред, енергетски, всушност сакаат loosh, а не струја, а нема подобар генератор на loosh од човекот. За да можат да бидат консумирани емоциите од страна на овие битија од втор ред, мора да бидат преработени во еден вид “вкусна“ фрекфенција и да бидат “испратени/спроведени“ во областа на постоење во која тие владеат. Заради тоа матриксот настојува да ве исполни со негативни емоции и да ви ја одвлечка свеста што подалеку од вистината, за на тој начин вашите емоции да бидат спремни за жетва.
|
И единствено би додал дека секогаш добиваме напади кога сме нај расположени и најсреќни а не кога сме бесни т.е. кога сме исклучени од матриксот тогаш добиваме напади од сите страни почнувајки од најблиските па до случајните минувачи по патот а се со цел да ти падне расположението енергетската заштита која ја имаш во тој миг да не допира никој до твојата енергија. Али ако си Буден т.е. во мигот да живееш секогаш ќе ги препознаваш и ќе се насмевнеш и ќе продолшиш понатака.