ПОЛИТИЧКА ПСИХОПАТИЈА |
|
|
|
| Напишано од Administrator | |||||||||||||||||
| Вторник, 24 Март 2009 15:51 | |||||||||||||||||
Страница 1 од 4
Веројатно веќе сте забележале дека во официјалните медиуми може понекогаш да се налета на вест за појава на НЛО на ова или она место по светот, меѓутоа психопатијата е сеуште “табу-тема“. Секако, на оние на кои им е позната суштината на овој феномен, познати им се и причините за тоа. Со оглед на тоа дека се работи за тема која сеуште е меѓу најцензурираните во оваа “наша“ реалност, во оваа прилика ви пренесуваме неколку статии кои се занимаваат со тој “феномен“ директно или индиректно, како би се обиделе да го расветлиме онолку колку сме во можност. Доколку нам, како “нормални“ луѓе, би ни тргнало од рака да оствариме еден одреден праг на свесност кога се работи за оваа проблематика, би биле во состојба и да превземеме нешто во врска со тоа и конечно да почнеме да живееме во реалност која е навистина наша, а не – нивна, како што било до сега.
Прв дел
Креатори на нашата реалност
Пишува: Laura Knight-Jadczyk
Дозволете најпрво да се потсетиме на она што го напишал Justin Raimondo уште во 2004. год: Ron Suskind, поранешниот репортер на Wall Street журналот и автор на книгата The Price of Loyalty: George W. Bush, the White House, and the Education of Paul O'Neill, во една прилика во магазинот New York Times претстави нешто што би можело да се нарече портрет на “претседателство засновано врз верба“, заедно со неговите религио-културни идиосинкразии и слабости. Меѓутоа, не се работи само за тоа, Suskind со помош на една серија анегдоти успеа да ја представи политичката психопатологија која ја мотивира американската администрација и ја обликува нејзината перцепција. Следува цитат од неговата статија:
"Во летото 2002. година, откако прочитав една статија во магазинот Esquire за тоа - што Белата Куќа не сакала во врска со Karen Hughes, поранешниот шеф за комуникации во Бушовата администрација, имав состанок со еден повисок советник на претседателот Буш. Тој ми го изрази незадоволството на Белата Куќа, а потоа и ми соопшти нешто што во тоа време не успеав потполно да го сфатам – но што сега верувам оди до самата суштина на Бушовото претседалствување "Тој советник ми кажа дека луѓето како што сум јас припаѓаат на нешто што тие го нарекуваат ’заедница која е базирана на реалност’, која тој ја дефинираше како луѓе кои веруваат дека решенијата се појавуваат со помош на едно разумно проучување на она што е видливо во реалноста. Јас на тоа климнав со главата и промрморев нешто во врска со принципите на просветлувањето и емпиризмот. Тој ме прекина. “Тоа не е веќе она како светот функционира сега“, продолжи. “Ние сме сега една империја, и кога ние делуваме, ние создаваме наша сопствена реалност. А, додека вие ја проучувате таа реалност – внимателно и разумно, - ние повторно ќе делуваме, создавајќи други нови реалности, кои вие можете исто така да ги проучувате и тоа е она како ќе се решаваат работите. Ние сме играчи на историјата... а вие, сите вие, вам ќе ви преостане само да го проучувате она што ние го правиме.“
|
|||||||||||||||||
| Последно освежено ( Петок, 08 Мај 2009 13:35 ) |

Контакт
Есо новости
Галерија







