Мистериозни археолошки наоди (втор дел) |
|
|
|
| Напишано од Administrator | |
| Среда, 17 Февруари 2010 17:43 | |
|
Бронзени тркала од Перу, опишани од професорот Rafael Larco Hoyle во неговото дело "Перу"; многу потсетуваат на модерните запчаници.
Познатиот "Киевски астронаут": тоа е единствената Европска статуетка пронајдена до сега која покажува толку евидентни "вселенски" карактеристики.
Две праисториски јапонски статуетки: претставуваат суштества кои носат нешто налик на вселенски скафандери и големи шлемови закачени за скафандерот со еден вид обрач на заштрафување. Еден од двата "шлема" (оној од лево) е опремен со огромни очила, кои наликуваат на поларни очила кои се користат за да се заштитат очите од јака светлина.
Огромна варовничка статуа еродирана од вода во пештерите Lultùn, на Јукатан (Мексико), денес потопена на длабочина од стотина метри под морското ниво. Овие огромни пештери, сеуште не се целосно истражени, содржат гигантски статуи со исконска старост кои немаат никаква корелација со културните шеми на останатите индоамерикански цивилизации. Океанската фауна вклештена меѓу наборите на овие статуи покажува дека тие биле изделкани над нивото на морето, а потоа останале потопени голем временски период, а можеби повторно се појавиле на површината кога бреговите на Бахамите и другите острови на Атлантикот потонале под морето.
Слика од Филипо Липи, " La Madonna e san Giovannino ", насликана во XV век и се чува во Палацо Векио во Фиренца (Италија). Темната овална форма насликана во горниот десен агол личи на вистински подвижен објект, бидејќи со внимание е набљудуван од страна на два лика во позадината, човек и куче. Не асоцира на ниедна света иконографија и би било право да се сугерира на хипотезата дека авторот сакал да вклучи во своето сликарство доказ за овие "уфолошки" феномени кои се забележувале во средниот век и за време на Римската империја, кои се со исти облици и својства на оние забележани во нашиот век. За повеќе информации:
Оваа слика ги покажува остатоците од Антикитера механизмот (десно е техничкиот план). Тој бил пронајден во 1900 до брегот на Антикитера, во близина на островот Крит (Грција) и датира од околу првиот век п.н.е. Овој бронзен механизам е исклучителен наод, всушност тоа е доказ дека древните народи имале многу понапредни знаења одколку што мислиме. Специфичност на овој астрономски калкулатор е присуството на "диференцијални запчаници" во внатрешноста.
Фосилизиран џин откриен во 1895 од страна на г-дин Dyer за време на минирање во областаАнтрим, Ирска. На десната слика (објавена од страна на британскиот магазин " Strand ") е спореден со товарен вагон. Главните мерки биле: вкупно височина 12ft и 2in (3,70 метри), торакален периметар 6ft и 6in (1,97 метри), должина на рацете 4ft и 6in (1,37 метри), тежина 2 тони и 112 lbs (2050 kg). На десното стапало имал шест прсти. По различни правни дебати за да се утврди сопственоста, никој не знае што точно се случило со џинот и неговите сопственици.
Основата на оваа тераса во Баалбек (Либан) е околу 5 милиони квадратни метри во големина. Три колосални камења, познати како "Трилит", се поголеми од многуте видливи мегалити од ѕидовите на терасата. Тие изнесуваат над 18 метри должина, со ширина од 3,7 и 4,3 метри (забележете ги луѓето во центарот). Многу Римски урнатини сеуште стојат на платформата, но местото е многу постаро од Римската Империја. Дури и Сумерите го наведуваат Баалбек како древен. Денес, ние немаме идеја кој го изградил, ниту пак знаеме како, кога, или зошто е изграден. И за жал, нашата научна заедница продолжува да го игнорира Баалбек. За повеќе информации: http://www.vejprty.com/baalbek.htm
Објект неодамна пронајден во старите збирки на фосили од островот Аксел Хајберг во Канадскиот арктички архипелаг, што е далеку над арктичкиот круг. Изгледа како "фосилизиран човечки прст" и не личи на оние претходно забележани во слоевите од периодот на Креда во Тексас од д-р Carl Baugh од Музејот на Креациски докази (Creation Evidences Museum). Новиот фосил датира од пред околу 100 до 110 милиони години, исто така од геолошкиот период кој еволуционистите го нарекуваат "Период на Креда". Примерокот е познат по ознаката "DM93-083". Страничниот изглед под Х-зраци покажува темни области кои се толкуваат како внатрешни делови од коските и коскената срж. Овие области имаат помала густина од околните камења, а со тоа и X-зраците полесно поминат, предизвикувајќи затемнување на сликата.
Еден од најпознатите камени остатоци: Недовршениот Обелиск, дупло поголем од било кој познат обелиск кој некогаш е подигнат. Работниците во каменоломот очигледно го напуштиле обелискот кога се појавиле скршеници на неговите страни. Голем дел од црвениот гранит користен за античките храмови и колоси доаѓал од рудниците во Асуанската област (500 милји јужно од Каиро). Недовршениот Обелиск сеуште лежи онаму каде е откриена пукнатината онака како што бил отсечен од карпата. Кога би бил готов,завршен, би бил висок околу 37 метри и би тежел повеќе од 1.150 тони.
Фосилизирана човечка рака, пронајдена во Богота (Колумбија), и припаѓа на Гутиерес (Gutierrez) колекцијата. Карпата во која се наоѓа е стара 100-130 милиони години.
Пронајдок на башкирските научници спротивен на традиционалните поими за човечката историја: камена плоча, која е стара 120 милиони години е покриена со рељефна карта на Уралскиот регион. Се чини дека ова е невозможно. Научниците од Башкирскиот Државен Универзитет откриле неоспорни докази за постоење на високо развиена древна цивилизација. Се работи за голема плоча пронајдена во 1999 година, со слика на регионот направена со непозната технологија. Ова е вистинска рељефна карта. Денес, војската поседува речиси иста таква. Картата содржи градежни работи: систем од канали со должина од околу 12.000 километри, брани, јазови. Не подалеку од каналите, прикажани се земјишта во ромбоидна форма, чија дестинација е непозната. Мапата исто така содржи некои натписи. Дури и бројни записи. Отпрвин, научниците сметале дека се работи за старо кинеско писмо. Но, се испоставило дека написите се направени во хиероглифско-слоговно писмо со непознато потекло. Научниците досега не успеале да го прочитаат ...
Во 1945 година Waldemar Julsrud, германски имигрант и искусен археолог, пронашол мали, глинени статуи, закопани во подножјето на планината Ел Торо, во близина на Акамбаро, Гуанахуато, во Мексико. Во близина на Ел Торо и на другата страна од градот, во близина на планината Чиво, откриени се повеќе од 33.000 фигурини изработени од порцелан. Слични предмети пронајдени во близина биле поврзани со Чапикуаро (Chupicuaro) пре-класичната култура (од 800 п.н.е. до 200 п.н.е.). Малите статуи се совршени претстави на различни видови диносауруси, за кои се верува дека се исчезнати пред 65 милиони години.
Една од трите пештери во подножјето на планината Беигонг (Baigong), лоцирана во длабочините на Кеидам (Qaidam) басенот, во провинцијата Кингај (Qinghai), Кина. Две од нив се срушени и се недостапни. Средната е една од најголемите, со подножје два метри над земјата и врв на осум метри над земјата. Оваа пештера е околу шест метри длабока и како да е ископана од страна на човек, со чист песок и карпи во себе. Она што е зачудувачки е внатре, таму се наоѓа полу-цевка од околу 40 сантиметри во дијаметар навалена од врвот до внатрешниот крај на пештерата. Друга цевка со ист дијаметар влегува во земјата само со врвот видлив над земјата. На отворот на пештерата има десетина цевки со дијаметар помеѓу 10 и 40 сантиметри, кои влегуваат право во планината, покажувајќи висока техника на прицврстување. На околу 80 метри од пештерите е Езерото Тосон, на чија плажа 40 метри подалеку, можат да се видат многу железни цевки расфрлани по песокот и карпите. Тие се протегаат во правец исток-запад, со дијаметар помеѓу 2 и 4,5 сантиметри. Имаат различни чудни облици, а најтенкиот е како чепкалка за заби, но не е блокиран од внатре по години движење низ песокот. Почудно е што има цевки и во езерото, некои достигнуваат над површината на водата, а некои се закопани подолу, со слични облици и дебелина како оние на плажата. Големата содржината на силициум диоксид и калциум оксид е резултат на долгата интеракција помеѓу железото и песочникот, што значи дека цевките мора да се многу стари. Тие се познати помеѓу локалното население како "ET остатоци". За повеќе информации:
„Формација во жито“ се појави на фармата Крабвуд (Crabwood Farm House), во близина на Винчестер, Хемпшир на 15 август 2002 година. Формацијата е долга околу 100 метри. Таа покажува нешто што личи на лице на вонземјанин, придружено со диск со порака. Пораката е дешифрирана и гласи: "Чувајте се од носителите на ЛАЖНИ подароци и нивните ПРЕКРШЕНИ ВЕТУВАЊА.Многу БОЛКА но сеуште има време. EELRIJUE. Постои ДОБРИНА надвор.Ние се противиме на ИЗМАМАТА. Преносот се ЗАТВОРА (звук на ѕвоно)" [Beware the bearers of FALSE gifts & their BROKEN PROMISES.Much PAIN but still time. EELRIJUE. There is GOOD out there.We OPpose DECEPTION. Conduit CLOSING (BELL SOUND)]
http://www.cropcircleresearch.com/articles/alienface.html
Во 1877 година, г-дин J.H. Neale од компанијата Монтезума Тунел (Montezuma Tunnel Company) копал тунел под 50 милиони години стариот проток на лава на планината Тејбл во Калифорнија, кога нашол неколку врвови на копја, аван и толчник. Врвовите од копја биле долги околу 30 см, а камениот аван бил околу 10 см во дијаметар.
Неколку човечки черепи со рогови испакнати од нив биле пронајдени во погребна могила во Сера (Sayre), во областа Братфорд, Пенсилванија, во 1880-тите. Со исклучок на коскените израстоци близу 5 см над веѓите, мажите на кои им припаѓале овие скелети биле анатомски нормални, иако со два метри височина би се сметале за џинови. Се смета дека биле погребани околу 1200 н.е. Пронајдени биле од страна на историчар на државата Пенсилванија и достоинственик на Пресбитеријанската Црква (д-р G.P. Donehoo) и двајца професори, AB Skinner, од Американскиот Истражувачки Музеј, и W.K. Morehead, од Академијата Филипс, Андовер, Масачусетс. Доказот за овој наод оттогаш е исчезнат.
Мистериозна магнетска карпа во Силустани (Sillustani), Перу. На оваа карпа е врежана спирала и ако компас се движи по кружна патека пред неа, иглата почнува да кружи. Веројатно ова се должи на присуството на магнетен материјал во внатрешноста на карпата, но на кој начин древните Инки кои ја вдлабнале оваа резба би можеле да го знаат овој факт?
Знаци слични на отпечатоци од прсти на карпа во Абу Гураб (Абу Ghurab), во Египет во близина на Сакара (Saqqara). Четирите прсти се чини дека припаѓаат на огромна рака на некој џин. Може ли ова да биде доказ за тоа како древните Египќани биле во можност да топат и моделираат камења?
Четири непознати симболи во близина на влезот на Големата пирамида (на левата страна). Тие како да наликуваат на грчкиот алфабет и многу се слични на вонземјанските симболи пронајдени на остатоците од падот на НЛО-то во Розвел, (на десната страна).
Резба на Стегосаурус (Stegosaur stenops) на Камбоџанскиот манастирски храм Та Prohmt во Анкор Ват (1186 н.е.).
Стотици дупки со човечка големина врежани во гола карпа во близината на Лима, Перу на местото наречено Cajamarquilla. Овие чудни дупки се протегаат со километри преку нерамен, ридски терен. Некои делови имаат дупки со цврста и совршена прецизност; некои одат во редови кои се закривуваат во сводови, некои во тетурави линии. Тие се разликуваат во длабочината, од околу 2 метри длабоки до некои толку плитки што личат на недовршени - иако се опкружени со оние кои се. До денес никој нема поим зошто се тука, кој ги направил или што претставуваат.
Две стари фотографии на Месечината, покажуваат нешто што наликува на град гледан од височина.
|
|
| Последно освежено ( Четврток, 18 Февруари 2010 10:49 ) |

Контакт
Есо новости
Галерија




















Не е толку невозможно (современи примери)




