2012 Крај или почеток, прашањето е сега |
|
|
|
| Напишано од Гого | ||||||
| Понеделник, 21 Април 2008 19:15 | ||||||
Страница 1 од 3
За ова кое подолу пишува не треба да веруваш, доволно е да се разбудиш и да почнеш да проверуваш. Особено е битно да проверуваш на себе, дали ова за кое пишуваме е можно или не. Едно е сигурно, времево во кое живееме е можност, колку и неверојатно да ти звучи ова, можност да придонесеме овој свет да се промени на подобро. Човечкиот род и планетата Земја во овој период проаѓаат низ големи промени во придвижување на свеста и перцепцијата за реалноста. Вакви клучни нешта се случуваат на 26000 години и најдобро е ако го сфатиме како можност, а не како закана, Можност да направиме квантен скок во посуптилните сфери на живеење. Земјата и без она за кое подолу пишувам се наоѓа на крстопат. Таму каде што оди е страдањето, смртта или поточно кажано со разбирлив јазик, пеколот. Ако сакаме да го смениме тоа, тогаш треба да го смениме и начинот на живот. Прво и неопходно е да се разбудиме. Да, да се разбудиме од сонот кој го сонуваме додека сме будни и кој се претвора во кошмар. Ресурсите на Планетата Земја ги користиме како да ги имаме на претек или како да ќе траат 1000 години, а вистината е дека секој ден сме се поблизу до црниот ден. Со здравјето си играме и наместо да оздравуваме, стануваме се по болни затоа што немаме доверба во природата, туку во оние кои имаат сметка од нашата болест. Замисли дека ти всушност си бесмртно битие кое влегло во овој биолошки компјутер кога тој се родил и дека ќе си оди од него кога неговите животни функции ќе запрат. Немој да веруваш само замисли. Сега замисли дека кога следниот пат ќе го напуштиш овој биолошки компјутер или возило и кога ќе сакаш да се вселиш во друг, нема да можеш да го сториш тоа од многу проста причина, бидејќи биолошките тела нема да опстанат на оваа планета затоа што е презагадена, нема доволно храна, а и онаа која ја има е отровна. Замисли дека можеби лековите кои ги земаш секојдневно не те лекуваат, туку уште повеќе ја продлабочуваат болеста и страдањето на биолошката единка или тело. Дека витамините кои ги земаш се всушност во најголем дел отровни. Дека она кое го гледаш како информативни емисии се всушност една искривена реалност за да го зароби твоето внимание и свест, за да не се разбудиш, затоа што ако се разбудиш можеш да сфатиш дека не живееш во слобода туку во ропство. Никогаш во историјата на човештвото луѓето немале помалку време за себе. Сега ќе ви зборуваме за нешто кое го знаеле луѓето уште пред неколку илјади години и тоа оние за кои мислиме дека не го познавале ни тркалото, замисли граделе градби кои и денес се чудо на градителството, а не знаеле за тркалото и биле неписмени, барем такво е општото мислење за нив. Цивилизацијата на Маите во Централна Америка била најнапредна цивилизација во временско технолошкото знаење. Нивниот главен календар е најточниот календар на планетава. Никогаш не погрешил. Поточно, имале вкупно 22 календари кои покриваат многу циклуси на време во универзумот и во нашиот сончев систем. Некои од тие календари ќе бидат објавени во иднина. Тие календари се природни, поточно се базираат на движењето на небеските тела. Движењето на небеските тела е спротивно на сказалките од часовникот. Годината имала 13 месеци (онолку колку пати месечината ја обиколкува земјата) како краток временски период и долг временски период е обиколката на нашиот сончев систем околу централното сонце Алкион. Во природата сите небески тела се вртат спротивно од сказалките на часовникот. Маите пишуваат за неколку светови и дека последниот од нив завршил 1987 година. Шестиот почнува во 2012. Во овој период ние сме „меѓу светови”. Ова време Маите го нарекуваат „Апокалипса” или откровение. Ова означува дека многу нешта кои се сокриени ќе бидат обелоденети или откриени. Тоа е време за да поработиме на „нашите заеднички нешта” како индивидуално така и колективно. Се влијае на се, па како што земјата влијае на нас, така и ние влијаеме на неа. Сите влијанија се како инструменти од оркестри. Оркестар на телото, на колективот, на планетата, галаксијата, универзумот и т.н. Ако некој инструмент е расштиман или свири дисхармонично се појавува отстапување од хармонијата. Тоа во телото го нарекуваме болест, на ниво на земјата тоа се природни катастрофи. Ако ја усогласиме нашата музика со музиката на планетата, тогаш ќе живееме во хармонија, но секогаш се појавуваат некои музичари кои сакаат да бидат први како прва виолина. Тие сакаат целиот оркестар да свири по нивните ноти и внесуваат дисхармонија.
|
||||||
| Последно освежено ( Среда, 18 Февруари 2009 16:03 ) |

Контакт
Есо новости
Галерија



