| HLA гените кај Македонците и суб-Сахарското потекло на Грците |
|
|
|
| Напишано од Administrator | |||
| Недела, 08 Јуни 2008 00:38 | |||
|
Во 2001 година на јавноста и беа презентирани резултатите од едно генетско истржување кое подигна голема прашина, а некој се потруди таа прашина бргу да слегне. Тимот составен од македонски и шпански научници, предводени од А. Арниз Вилена (Antonio Arnaiz Villena) и К. Димитриевски изработи компаративна студија за генетските сличности и разлики помеѓу Македонците и останатите медитерански народи, а особено со нашиот јужен сосед Грција. Интересниот дел се состои во заклучокот дека:
Обете групи Грчката и Етиопската делат квази – специфични DRB1 алели (една од две или повеќе алтернативни форми на генот кој се појавува со мутација, а се наоѓаат на истото место на хромозомот). Генетската дистанца е помала помеѓу Грците и Етиопjаните - суб-Сахарската групација отколку со било која друга Медитеранска група и конечно Грчкиот кластер заедно со Етиопскиот/ суб-Сахарски ги делат дендограмите и споредбените анализи. Временскиот период кога се појавила оваа врска е древен но несигурен и можеби е поврзан со преселбата на Египетско-Етиопскиот народ во фараонската историја на Египет. Инаку, високо полиморфниот HLA систем е вреднуван како корисен за разликување или поврзување на популации (или индивидуи) во многу истражувачки студии уште од првата Интернационална HLA Антрополошка Работилница (International HLA Anthropology Workshop) одржана во Евиан 1973 година и на сите понатамошни седум Интернационални Работилници. HLA генетската фреквенција е во релација со географски поврзани популации. Постоењето или отсуството на генетски ток помеѓу соседни етнички групи може да се утврди со студија на HLA фреквенциите и кореспондирачките генетски дистанци.
Се на се, оваа интересна научна студија остана крајно маргинализирана, а некој од учесниците се соочија со одредени тешкотии и дискредитација. Ви пренесуваме извадок од оригиналниот документ со заклучоците и дијаграмите од ова истражување...
|
|||
| Последно освежено ( Четврток, 19 Февруари 2009 12:19 ) |

Контакт
Есо новости
Галерија


