| Ефектот на Набљудувачот |
|
|
|
| Напишано од Митко Керамитчиев | |||
| Вторник, 21 Април 2009 15:00 | |||
|
Со првите исчекори во Квантната Физика, науката почна да обезбедува докази за тоа што мистиците и просветлените луѓе го прокламираа со милениуми: „Нашите мисли ја креираат нашата реалност и нашите искуства. Нашите идеи, верувања и ставови го креираат светот кој го искусуваме“. Со тоа, древните сознанија на старите цивилизации кои со текот на времето станаа езотерични, денес со помош на Квантната Физика добија своја научна поткрепа. Најголем придонес за ова можеби има т.н. „double slit experiment“, кој го откри т.н. „ефект на набљудувачот“, кој едноставно вели: „Во оној момент кога набљудувачот го насочува вниманието на некаков објект/субјект, тогаш и тој и објектот/субјектот се менуваат“. Значи, во науката терминот „ефект на набљудувачот“ се однесува на феноменот на промената под влијание на актот на набљудувањето. На пример, за да „видиме“ еден предмет, потребно е интеракција на истиот со фотон, а тој влијае врз него. Влијанието можеби е мало и тешко мерливо, но тоа постои. Примери има навистина многу... Зошто и како се случува овој феномен? Согласно двојната природа на суб-атомските честички (тие имаат и бранова и природа на честичка), сè до моментот на набљудување (интеракција на набљудувачот со набљудувањето), тие немаат временско-просторна локација, односно се наоѓаат во т.н. суперпозиција. Во моментот на набљудување доаѓа до т.н. „колапс на брановата функција“, бранот се претвора во честичка, односно доаѓа до материјална манифестација. Ова е и една од најголемите придобивки на Квантната теорија – дека не постои феномен на материјална манифестација без чин на набљудување, што да повторам, се совпаѓа со сознанија на древните цивилизации. Имајќи го ова во предвид, се наметнува уште една премиса – дека не постои објективен универзум, туку само субјективен, кој е предмет на постојана ре-креација на Набљудувачот. Доказ за тоа е што една иста „надворешна“ појава, предизвикува различна реакција на истата кај различни индивидуи. Практичниот проблем, но и неограничен потенцијал за промена е фактот што „обичниот човек“ актот на набљудување го прави несвесно и на тој начин креира и несакани содржини. Аналогно на сè погоре изложено, со акцент на „ефектот на набљудувачот“, ако сакам да се променам себе си и неизбежно – мојот субјективен универзум, почетна точка е себенабљудувањето, пракса која ја сугерираат сите древни езотерични учења. Понатаму, ако сакам да направам драматични промени во мојот субјективен универзум, потребна е голема ревизија и промена од моите ставови, па надолу...... на моите верувања, ...... на моите мисли. Последните пак, неизбежно индуцираат одредени емотивни состојби, факт што повторно ја поддржуваат премисата за постоењето на универзум на кого исклучиво му припаѓа придавката „субјективен“. © Митко Керамитчиев
|
|||
| Последно освежено ( Понеделник, 27 Април 2009 17:39 ) |

Контакт
Есо новости
Галерија


