Критика на Дарвинизмот(со коментари на Едни Македонци)
|
|
|
|
| Напишано од Едни Македонци | ||||||||||||||
| Понеделник, 04 Мај 2009 17:29 | ||||||||||||||
Страница 1 од 9
13. ЗА ДАРВИН...Вилијам Флусер, професорот по философија на науката и философија на комуникацијата од Универзитетот во Сао Паоло, Бразил, во едно свое интервју, дадено за списанието „Галаксија“ во 1990 година, има изјавено: „Коперник не е поблиску до вистината од Птоломеј, тој е само попрактичен за работа.“ Очигледно, парадигмата со виртуелната реалност ја измести гледната точка од која го набљудуваме универзумот, дури и во конзервативните академски кругови. По негацијата на теоцентричниот црковен модел со Коперниканскиот хелиоцентричен, од кој произлезе и денешната важечка парадигма за планетата Земја како неважно „зрнце прашина“ во бескрајниот универзум, ете, преку вируелната реалност вртоглаво влеговме во негација на негацијата и повторно, но на еден понаков и пософистициран начин, се враќаме кон теоцентризмот. Но, важечката парадигма можеби и можеме да ја занишаме во космологијата, физиката и математиката, но дали можеме и во биологијата? Еден од најсериозните удари кои му се нанесени на Бог, во смисол на негово отфрлање од страна на човекот како фикција, секако е Дарвиновата теорија за генезата (за потеклото на видовите). Но, како што се гледа, судејќи според сè ова е уште една „ујдурма“ на „розевите“ со која на перверзен начин треба да се „озакони“ и „афирмира како природен“ принципот на дивиот вирусен капитализам кој гласи: Homo homini lupus est! „Човекот на човек му е волк“, што значи легализација на крвавата експлоатација на природата и на човековата, сега веќе знаеме, не само физичка, туку и духовна, спиритуална енергија која тој ја губи секогаш кога е „контролирано“ и „манипулирано“ битие. Ова е постигнато со Дарвиновата теза за природната селекција, според која поадаптибилните и посилните видови ги истиснуваат послабите. Прекрасна парадигма која ви нуди морално оправдување да се „прилепите“ за ближниот свој, по можност многу послаб, понаивен и поглупав од вас, и да му ја „испиете крвта“. Потполно истото важи и за колективите. Не мора да ви зборувам и посочувам примери на крвава експлоатација кои „розевите“ ги имаат сторено во Африка, Азија и така натаму. Но, фала му на Бога, и меѓу англо-американците постојат луѓе кои му се спротивставуваат на системот кој е таму инсталиран, а начинот на борба е удирање по темелите на парадигмата. Да разгледаме сега два текста кои се преглед на размислувањата на луѓе кои почнуваат да се сомневаат во теоријата на Дарвин, а се сериозни и идеолошки необоени научници. Ова се два текста од „Галаксија“. Едниот е превод од „П.М.“ магазинот, а другиот е текст на Џим Гибсон, директор на Институтот за геонаучни истражувања – генерална конференција ASD. Во обата текста се изнесени модерните гледишта на креационистите, кои се опозиција на Дарвин. Јас во овие текстови ќе ги вметнам и моите коментари за да посочам каде различните науки зборуваат за иста суштина со различен јазик и всушност водат разговор на глуви, што е и нормално, бидејќи експертите за математика, теорија на Хаос, физика, квантна физика, биологија, теологија и лингвистика многу малку имаат општ увид во меѓусебните постулати, па не е необично еден заинтересиран аматер да им укаже на нешто што тие го превидуваат. Првиот текст се вика „Се бара новиот Дарвин“ и е објавен во 1986 година во Галаксија. Да го проследиме:
СЕ БАРА НОВИОТ ДАРВИН Во овој час, расправата околу учењето за еволуцијата сè повеќе се разгорува. Истражувачите постојано откриваат нови проблеми, кои претставуваат предизвик на Дарвиновото учење. Истовремено, научниците подготвуваат нова теорија за потеклото на животот.
„Родоначалникот на теоријата за еволуцијата на видовите“ Чарлс Дарвин Ако се обидеме да допреме до делото кое зад себе го остави британскиот научник Чарлс Роберт Дарвин (Charles Robert Darwin), веќе нема да можеме да престанеме да му се чудиме и воодушевуваме. На еден единствен човек му појде од рака сомневањата во библиското објаснување на создавањето на светот да ги преиначи во извесност дека растенијата, животните и луѓето настанале на сосема понаков начин од оној опишан во Библијата. И, што е уште поголем зафат, Дарвин ја стави во движење духовната револуција, чии што резултати денес ги сметаме за совршено природни и сами по себе разбирливи, заборавајќи дека Дарвин тогаш му понуди на светот нешто како сосема нови сознанија: Живите суштества не дојдоа на свет истовремено, туку се развиваа едни по други и, истовремено, едни од други – се развиваа од едноставни суштества во посложени, од помал број видови настануваа многу други. Мотор на еволуцијата претставуваат мутацијата и одбирањето. Случајните промени на наследните оособини (мутација) водат кон настанување на нови варијации на живите суштества. Во борбата за опстанок (во одбирањето или селекцијата) мора да се покаже дали (случајно) настанала некоја оправдана новина. Неволјите со дарвинизмот Веќе 125 години важи оваа претстава и за потеклото на нас луѓето. Од Дарвин наваму таа автоматски се прифаќаше и се пренесуваше од поколение на поколение. Меѓутоа, дали во тие 125 години постои барем еден научник кој би можел без нелагода да потврди дека со ова учење немал никакви тешкотии. Таков научник нам не ни е познат, пишува во списанието „П.М.“ Џозеф Шепах (Joseph Schepach), додавајќи дека колку што истражувањето е попрецизно, толку повеќе тешкотии искрснуваат со Дарвиновото учење. Мала забелешка. (Оваа забелешка е од авторот на текстот. Моите забелешки ќе ги означам како „мој коментар“). Ако Дарвиновото учење бара толку голема „потреба за докази“, зошто тогаш воопшто е прифатено? Најверојатно поради тоа што во тоа време енергијата на големите духови не беше фокусирана само на сфаќање на новото, значи на разбирање на дарвинистичката наука со сите свои поединости: енергијата на првите дарвинисти тогаш беше во голем дел трошена на сузбивање на старото. Впрочем, за ова зборува секој учебник по историја. Прво, тогаш не беше поставена задачата да ѝ се обезбедат темели на дарвинистичката доктрина. Многу поважно беше да се водат расправи за погледите на светот и да се инсистира на дарвиновата констатација: „Вистината е во мојата книга, а не во Библијата“. Ете, ова е тоа за што зборував. Да се даде легитимност на капиталистичкиот вирус – демон, а да се истисне совеста. (Мој коментар.) Секако, Дарвин никогаш изрично не дал ваков исказ, но ова тврдење автоматски произлегува од самата содржина на неговото обемно дело. Дали во судирите со Дарвин се работи исклучиво за специјални проблеми што само биолозите можат да ги разберат и само нив ги интересираат? Никако. Во центарот на вниманието, и тоа практично од првиот ден, е дарвиновиот постулат, кој гласи: „Од едноставните видови се развија сложените, и од некогаш малубројните видови подоцна настанаа многу други.“ Ако тоа е точно, тогаш во земјата под нашите нозе мора да се најдат и соодветни сведоштва. Станува збор за откривање на фосилни коски, чија анализа би покажала: ова е едно суштество на самата средина од својот равоен пат, тоа веќе не е влекач, но сè уште не е птица – да укажеме на конкретен и впечатлив пример. Биологијата денес е способна убедливо да докаже дека скелетите на нашите птици се само повисока фаза во развојот на типичните скелети на типичните влекачи. Но, во последните 125 години воопшто не се наиде на никаква „алка која недостасува“ меѓу рептилите и птиците, меѓу крокодилите и орлите, желките и гулабите. Од земјата се ископани или несомнено птичји коски или несомнено коски на влекачи, но никогаш не е ископан некој скелетен склоп кој би сугерирал дека тука природата била на средина на дарвинистичкиот чин на создавање.
|
||||||||||||||
| Последно освежено ( Четврток, 20 Мај 2010 13:27 ) |

Контакт
Есо новости
Галерија



Освен трите врховни сефири кои го симболизираат Тројството, има уште седум.