Радионика |
|
|
|
| Напишано од Гого | |
| Среда, 24 Март 2010 15:42 | |
|
Никола Тесла зборуваше дека електричната струја е поле, а не како што е општо познатата дефиниција дека „електричната струја е движење на електрони низ проводник“. Затоа што не го разбрале, иако денес животот и технологијата не би можела да се замисли без неговите откритија, само сосема мал дел е искористен од неговите откритија. Во последно време се повеќе се истражуваат другите пронајдоци, но главно за воена примена. Човекот кој сакаше да го ослободи човештвото од потребата за енергија, денес ги користат неговите изуми за контрола и манипулација, па се до предизвикување болести, метеоролошки промени, ментални болести и смрт. Иако скромно во позадина се појавуваат луѓе кои истите или сличните нешта настојуваат и ги користат за добивање енергија од воздухот, земјата, водата, како и за лекување и исцелување. Начинот на лекување преку свеста или поле, се нарекува радионика, во Русија психотроника или во поново време квантно исцелување. Принципите не може да се разберат со принципите на материјалистичката наука, но ако барем малку ја разбираме квантната физика, математика или уште подобро квантната биологија, тогаш ќе може да сфатиме како ова се работи или барем да ни го доближи до прифаќање. Земјината топка ја опкружува поле кое се нарекува атмосфера. Јас повеќе го сакам зборот Атмасфера или сфера на душата (Атма =душа). Атмасферата е животот на земјата, но истовремено и сфера која ги содржи сите комуникации на Земјината топка, оние кои доаѓаат од вселената и нешто кое што тешко може да го поверуваш, а тоа е сите комуникации кои се случиле во историјата. Постојано едновремено до нас допираат огромен број информации, но ние за среќа можеме да примиме само еден бескрајно мал дел, поточно само неколку истовремено. Исто како што до радио или телевизискиот приемник доаѓаат милиони информации и програми, а ние селектираме еден или многу малку. Тоа што не ги гледаме останатите не значи дека тие не постојат, туку селекторот одбрал нешто. Ние сме збир на не локално (свеста) и локално (телото). Свеста е нелокална и за неа важи квантната наука инаку како би го сфатиле фактот дека кога еден дел од свеста се менува истовремено се менува целиот универзум. Се што постои има своја фреквенција или вибрација, сеедно како ќе го наречеме тоа. Секој атом има своја препознатлива вибрација, секоја бактерија, секоја хемикалија, секое растение, секој орган во човекот како и целиот човек е збир на вибрации или како еден оркестар. Кога ќе запомниме нешто ние ја помниме вибрацијата и не само тоа, ги помниме сите вибрации од целиот наш живот, некои во мозокот, некои во нашата ДНК, а некои може да ги прочитаме од Атмасферата. Кога ќе се фотографираме, таа фотографија може да биде клуч за да се сетиме на времето кое сме го живееле кога сме се фотографирале, но тоа е всушност вибрацијата која сме ја сочувале. Употребувајќи го тој клуч може да се поврземе со некое време од нашиот живот и преку тоа поврзување, може да комуницираме со некогашниот јас. Кога после долги години пауза си купив гитара и почнав повторно да свирам, еден мој пријател Александар ми рече: „Знам што правиш, си го храниш детето во тебе“. Нормално дека она кое е оперирано и извадено од мене нема повторно да никне, но збирната вибрација од „тоа време“ може да ми помогне да ја сменам состојбата во која се наоѓам. Некој овде ќе рече: „Тоа е плацебо ефект“. Да, но ако сфатиме дека се е вибрација и дека со лекот кој го земаме ја менуваме вибрацијата, тоа е исто така плацебо ефект. Суштината е дека сме ја промениле состојбата, а тоа е она кое сакаме да го постигнеме. Кога одиме да лекар и го прашуваме: „Како е денес пациентот ?“, тој значајно ќе не погледне и ќе ни каже: „Денес е подобро и оди на добро“. Го прашуваме: „ По што заклучивте, дали направивте некои нови анализи?“. Тој ни одговара: „Не, но денес тој стана прошета, се шегуваше и си јадеше нормално“ Значи по состојбата или промената во вибрацијата лекарот може да заклучи дека пациентот е подобро. Знаеме како делува стресот и колку влијае на хормоните и жлездите со внатрешно лачење, на притисокот, срцето, варењето на храната и буквално на се во телото, па како тогаш може да помислиме дека со промена на состојбата нема да се промени и физичката состојба. Најчесто потребно е „време“ за да се промени физичката состојба, но зборот време е ставен во наводници затоа што во некои случаи на моментално исцелување времето не постои, тоа зависи од успешноста во копирањето или во репродуцирање на соодветната состојба. Толку, се враќам на радиониката. Ако направиме направа која ќе ни помогне да се синхронизираме или да ја засилиме некоја состојба, тогаш таа направа може да ја наречеме радионичка машина. Во денешно време постојат програми за компјутер, машини и луѓе кои се тренираат за да може по ефикасно да ја повикаат, засилат, синхронизираат и одржуваат посакуваната вибрација или состојба. Ова може да го наречеме волшепство. Степенот на вербата е обратно пропорционален со времето или преведено тоа значи ако имаме верба потполна, веднаш се реализира. Тоа и Исус ни го кажува : „О вие маловерни кога би имале верба како синапово зрно, тогаш ќе и кажете на оваа планина да се помести и таа ќе се помести“. Верба е нешто во кое сме сигурни дека е така, а верување е нешто кое не го знаеме и го прифаќаме здраво за готово. Вербата е многу по силна од верувањето. За изработка на една таква машина потребни ви се малку бакар, кутија, потенциометар 100 ома линеарен, магнет и малку жица. Како додатни или средства за засилување може да користиме додатно кристали, телескопска антена и жица со крокодилски штипалки, калем и уште многу други помагала и додатни засилувачи. Два бакарни цилиндари затворени од долу, ги сместуваме во пластична кутија. Под левиот цилиндар ставаме магнет (тоа е страната која емитира). Под или околу десниот цилиндер може а не мора да ставиме кристали. Десната стана е приемната страна. Двата цилиндари ги поврзуваме со жица преку еден потенциометар на пример 100 Ома линеарен. Постојат повеќе варијации за работа. 1. Работа со слика. Земаме слика на оној за кого сакаме да работиме и ја ставаме под левиот цилиндар. А. Во десниот можеме да ставиме вода Б. Да го поврземе со антена и да работиме на далечина. В. Во левиот цилиндер можеме да ставиме лек или едноставно на лист хартија напишеме што сакаме да постигнеме. Времето за работа не е ограничено, а ако правиме лек (во вода), потребно е најмалку 3 до 5 минути да работиме. Велам да работиме затоа што потребно е и свеста да ја насочиме кон она на што работиме. Може со добра мисла, љубов или молитва она што ни е по својствено. ВНИМАНИЕ! АКО НЕ ТИ ПОБАРААТ ПОМОШ НЕМОЈ ДА ПОМАГАШ. ВНИМАНИЕ! НЕМОЈ ДА ДЕЛУВАШ СПРОТИВНО НА ЖЕЛБАТА НА ТОЈ ЗА КОГО РАБОТИМЕ. Овие предупредувања се најбитното нешто во работењето, затоа што ако работиме или делуваме спротивно на желбите на оној за кого работиме, тоа се нарекува црна магија и последиците може да бидат страшни за нас, а може да не делуваат така како што сакаме. Особено за емотивна врска треба многу да се внимава и најдобро е да се консултираме со некој кој има повеќе искуство со работа на други суштества, затоа што грешката може да биде сосема спротивна од тоа што сакаме да го постигнеме. Пожелно е и тој за кого работиме да се сконцентрира или медитира на проблемот, тогаш ефектот е многу по силен. Можеме да работиме за подобрување на здравјето, за подобра работа (само без да ја конкретизираме која работа), за подобри односи на работното место, за поголема плата, за хармонични односи дома, да направиме лек кој ќе не исцели без оглед дали веќе земаме медицински лекови или не (можеме да користиме лекови и комбинацијата да даде подобри резултати). Можеме под левиот цилиндар да ставиме слика од растение кое не можеме да го најдеме а сигурни сме дека би ни помогнало за некој проблем. За одвикнување од пушење, на левата страна ставиме цигара, а на десната или вода или слика. Исто може да се проба и за одвикнување од други зависности. Припрема на водата за спремање радионички лек. Најдобро е изворска вода но ако немаме ја користиме најдобрата вода која ја имаме може и чешмовача (хи) ако немаме друга. Водата најпрво ја озонираме, а ако е изворска не е неопходно и ја структурираме. Структурирањето се прави со магнетна мешалка и тоа да се формира вртеж како инка. Ако е изворска и особено ако таквата е бргу наполнета во стаклено шише (до 3 или 7 дена) може да ја користиме без озонирање и без структурирање, затоа што таа е структурирана. Структурираната вода има меморија и затоа е многу поефикасна од онаа од чешма која е мртва вода. Може да смрзнеме од водата и да се одмрзне на собна температура со тоа што најдолниот дел од водата (барем еден прст од дното) со внимателно истурање нема да го користиме. Може исто така во недостаток на структурирана вода кога многу брзаме да ставиме неколку капки (десетина на пола литар) хидроген пероксид 3% раствор. Машината 2 е за работа со слики и со емитирање состојби или пораки. Таа овде е дадена како пример инаку варијациите се можни.
Ако имате прашања поставете ги и во рамките на моите знаења и можности ќе ви одговорам. Гого
Машина 1
готова, комплетна машина со порака комплетна машина
изглед од долу изглед од горе во кутијата
изглед од страна изглед од страна б
комплетна машина 1/ поглед од горе комплетна машина/ поглед од страна
комплетна машина со антена припрема/озонирање на вода
припрема/ структуирање, магнетизирање на вода припрема/вода, сад, озонер
озонер припрема/слика за работа
додавање порака работа со слика и порака
Машина 2
основна плоча плоча, магнет, калем, кристал
комплет делови машина 2 комплет со засилувач и антена
машина 2 на генератор и антена
|
|
| Последно освежено ( Вторник, 18 Мај 2010 13:27 ) |

Контакт
Есо новости
Галерија














ножот може да го користиме за сечење јадење или за убивање. Исто како и до сега тој кој прави зло на другите копијата ја праќа а оригиналот останува кај него и не би сакал да бидам во негова кожа. Секогаш имало и ќе има злоупотреба на знаењето но работата е дека нешто може да искористиме за подобрување на здравјето и благосостојбата. Со објавување на оваа машина сакав да биде достапна не само за бумбари кои не знаат што да прават со парите туку и до оние кои ги немаат а сакаат да работат нешто за подобрување на сопствениот и животот на другите луѓе. Затоа напред и памет во глава што правиме затоа што се на некој начин се враќа.