| Пет правила за среќа |
|
|
|
| Напишано од Administrator | |||
| Петок, 17 Октомври 2008 13:28 | |||
|
Автори на текстот: Хозе Силва и Бурт Голдман Превод на текстот: Сашо... во чест на Хозе Силва творец на Силва Методот
Изгледа дека среќата е многу тешка за дефинирање. Знаете кога сте среќни а се разбира сигурно никој не мора и да ви каже кога сте тажни. Но што ја прави една личност среќна? Ќе помислите веројатно на разни искуства. Музиката ме прави среќен, сладоледот ме прави среќен, тој или таа ме прават среќен... или средувањето на куќата ме прави несреќен и така натаму. Битно е да разберете дека тоа што вас ве прави среќен може некој друг да го прави тажен и обратно. Тоа што некоја друга личност ја прави среќна, може тебе да те прави тажен. Моторен чамец од четири метри ги прави некои луѓе исклучително среќни. Нивна главна цел може да биде да поседуваат таков чамец. Но на некој кој копнее за јахта од десет метри ваков чамец може да биде извор на разочарување или несреќа. На друга страна луѓето кои чамците воопшто не ги интересираат ќе бидат потполно неутрални. Некој кој сака кучиња, кога ќе добие куче на подарок ќе биде пресреќен, а некој кој не ги поднесува кучињата ке мора да размислува како да се ослободи од таквиот подарок. Значи неможете да го користите поимот сопственост како критериум за среќа. Бидејќи се е релативно нештата секогаш ќе зависат од тоа кој ги набљудува. Затоа ќе искористиме една филозофија. Оваа филозофија се состои во тоа да уживате во тоа што го сакате, да го одбегнувате или менувате тоа што не го сакате, и да го прифатите со промена на својот пристап кон тоа што неможете да го избегнете или промените. Користењето на оваа филозофија сведена на пет правила, ќе ви овозможи да анализирате многу проблеми во својот живот и да најдете решение за нив. Значи еве ги петте правила за среќа. Правило број еден: Ако сакате нешто тогаш уживајте во тоа што го сакате. Ова може да ви изгледа премногу едноставно бидејки веднаш ке кажете: " Тоа е смешно, се разбира дека уживам во тоа што го сакам". Но кога ќе застанете и ќе размислите за тоа што сте кажале, веројатно ќе се согласите дека постојат многу работи во животот кои ги сакаме а не уживаме во нив. Причините поради кои не уживаме се вината и стравот. Нема да уживате во нешто што сакате ако се чувствувате виновен после правењето на тоа нешто или ако се плашите од последиците кои можат да произлезат од тоа. Правило број два: Ако нешто не сакате, избегнете го тоа. И второво правило можеби се подразбира, но сетете се колку луѓе живеат со тоа што не го сакаат-тоа може да биде работа, некоја личност, кола, вида на храна било што од илјада нешта и поради некоја причина не ги избегнуваат тие нешта: " па неможам да го избегнам тоа; морам да работам таму бидејки парите ми се потребни " или " има многу причини да бидам со таа личност". Колку оправдувања можете да наведете поради кои не ги избегнувате нештата кои не сакате да ги правите?
Правило број три: Ако нешто не сакате, а не можете да го избегнете тоа сменете го. И овде советот е едноставен: сменете го тоа што не го сакате. Токму како што рационализираме некои ситуации и не го избегнуваме тоа што го сакаме, ако тоа е во врска со нешто што нас ни е потребно- пари, време, сигурност- така нешто не врзува токму и за нештата кои не сдакаме и неможеме да ги избегнеме, па не ги менуваме и тие сеуште си постојат во нашиот живот. Правило број четири: Ако нешто не сакате, неможете да го избегнете и неможете или несакате да го измените тогаш прифатете го тоа. Да го прифатите тоа што не го сакате – во тоа е трикот. Како да прифатите нешто што не сакате? Може да имате тетка која многу ја сакате, но нејзината протеза произведува многу непријатен звук секогаш кога ќе изговори збор кој во себе ја содржи буквата " ш " а вашето име е Ширли. Тоа ви е одвратно но сепак ја сакате, неможете да ја избегнете, сте се обиделе да ја смените ситуацијата така што сте се понудиле да и купите нова протеза, но таа од некоја причина ја сака токму оваа која ја има, која што неможете да ја смените. Како да го прифатите тоа? Како да ја прифатите ситуацијата која не ве прави среќен. Па немора ништо да прифатите, се разбира можете да бидете несреќен. Ако нешто не сакате, несакате да го смените, неможете да го избегнете и не сакате да го прифатите ви гарантирам дека ќе бидете несреќни. Постојат пет правила за тајната на среќата и во рамките на петото правило лежи клучот.
Правило број пет: Можете да го смените тоа што не го сакате така што ќе го смените својот пристап. Нештата се онакви какви што вие ги гледате. Се е релативно во зависност од личноста кој што доживува. Не постојат апсолутни вредности ништо не е ниту добро ниту лошо се додека ние не го карактеризираме како такво. Животот не е ниту добар ниту лош. Животот едноставно постои. Можете да ги менувате нештата ако сакате менувајки го својот пристап кон нив. Ако имате купишта садови најверојатно на тоа ќе гледате доста негативно. Ќе имате негативен пристап кон нечистите сдадови. Ако нечистите садови се одвратни, кој е најдобриот начин дас се справите со нив? Одговорот гласи: сменете го својот пристап. Немојте повеќе да размислувате за миењето на нечистите садови бидејки таа слика е негативна. Наместо тоа влезете во кујната за да ја направите чиста бидејки сликата на чиста кујна е позитивна. Сите сакаат кујната да им биде кристално чиста. Значи сменете го својот пристап, од омраза поминете во љубов и наместо да миете нечисти садови, направете кујната да ви биде кристално чиста.
Можете да создадете навика на среќа
Обично велиме: "Кога би бил успешен и здрав, би билк среќен. Поблиску до вистината би биле ако кажеме: " Биди среќен и ке бидеш поуспешен, поздрав и ке се чувствуваш многу подобро во однос со другите луѓе". Една од најчестите причини за недостиг на среќата е тој што луѓето го живеат својот живот по системот на "одложено плаќање". Луѓето не живеат и не уживаат сега во животот, туку постојано чекаат некоја идна случка или појава. Ке бидат среќни кога ке се одмараат, кога ке најдат подобра работа, кога ке ги отплатат кредитите за стан, кога децата ке завршат факултет... Разочарувањето е неизбежно. Среќата е ментална навика, ментален став и во колку не се учи и практикува во сегашноста, никогаш не се ни доживува. Среќата неможе да се врзе за решавање на некој проблем од нашата околина. Зошто кога ке се реши еден, се појавува друг. Така животот е само серија од проблеми. Доколку воопшто сакате да бидете среќни, морате едноставно да бидете среќен и точка! Не можете да бидете среќен "поради, заради..." Дури и во несреќни услови и прилики, во кои не можеме да бидеме потполно среќни, можеме да бидеме барем среќни. Еден деловен човек прашал: " како воопшто можам да бидам среќен, кога само што изгубив 200.000 долари на берзата. Потполно сум уништен и пропаднат. Можете да бидете посреќен во колку на фактите не им го придодавате своето мислење. Факт е дека сте изгубиле 200.000 долари. Ваше е мислењето дали сте уништени и пропаднати. Среќата не е нешто што просто се случува. Среќата е нешто што вие самите го создавате и на што самите се одлучувате!
Автор: Максвел Малтц
-Среќен е мудриот човек бидејки во него се соединуваат доброто здравје, доброто срце и средно обазуваниот дух. -навистина е срекен оној кој е ведар, а да не е ниту млад, ниту убав, ниту богат, ниту ценет. -Да бидеш среќен не е ништо, да се сметаш за среќен е се. -Среќата е онаму каде што човекот ја гледа. -Да се научиме херојски да ја поднесуваме големата среќа. -Чудно колку малку ни е потребно да бидеме среќни, а уште почудно е колку токму тоа малку ни недостасува. -Среќен е оној кој за да ужива немора да прави неправда, а за да постапува праведно немора да се одкажува од било што. -За да ја сочува среќата, човекот треба да биде среќен сосема тивок. -Нај среќен е оној човек кој направил повеќе други среќни луѓе. -Кога сме среќни, секогаш сме добри, а кога сме добри, не сме секогаш среќни. -Среќата се наоѓаво човековиот карактер. -Кој во среќата ужива сам и солзите нека ги лее сам. -Среќата побргу ја стекнуваме отколку да ја задржиме. -За човекот да биде среќен потребно му е тело на еден атлета и дух на еден мудрец. -на среќните им умираат непријателите, на несреќните и последните пријатели. -Кон среќата треба да се однесуваме како кон здравјето: да уживаме кога е добро и да бидеме стрпливи кога е лошо. -Прави го тоа со кое што ќе станеш достоен да бидеш среќен. -Среќата е резултат на нашите исправни намери. -Голема среќа е да знаеш да бидеш среќен и без среќа. -Подреденоста на другите е робство, подреденоста на самиот себе е среќа. Не е среќен оној кој што го има тоа што го сака, туку оној кој не го сака тоа што го нема.
-Колку порано сватиме дека нашата судбина лежи во нас самите , толку подобро за нас. Среќата можеме да ја најдеме само во себе, не треба да ја бараме во другите бидејќи никој ја нема во изобилство. -Тајната на среќата се состои во тоа што помалку да бараме од другите а што повеќе од самите себе -Да ја опишете среќата значи да ја намалите. -Нека никогаш не те заведува среќата, бидејки така ке остариш и разочаран ќе отидеш на другиот свет..
Ако сакаш да бидеш среќен еден ден – напиј се. Ако сакаш да бидеш среќен недела дена – ожени се. Ако сакаш да бидеш среќен целиот живот – одгледувај цвеќе.
|
|||
| Последно освежено ( Понеделник, 02 Март 2009 14:38 ) |

Контакт
Есо новости
Галерија


