Покана за планетарна медитација ![]()
|
|
|
| Напишано од Astralwlker | ||||||
| Среда, 11 Март 2009 14:22 | ||||||
Кон крајот на 2008 година го започнавме проектот 2012 Нексус – Непознат облик на енергија се наближува кон нас http://www.projectavalon.net/forum/showthread.php?t=8441 Главните цели на овој проект се постигнување на синхронизација на свеста на човештвото со Геа, т.е.со свеста на нашата Планета, за да се активираат исцелителски енергии со намера за регенерирање на ДНК на животот и да се подготвиме ние и нашата планета за доаѓањето на Настанот Нексус 2012, кој претставува Супербран од енергетски бранови кои ќе дојдат од правецот на галактичкиот центар. The main objectives of this thread is to achieve synchronisation of the consciousness of humanity with Gaia i.e the consciousness of our Planet, to activate healing energies with the intention of regenerating the DNA of life and to prepare ourselves and our planet for the arrival of the Nexus 2012 Event; being a Superwave of energetic waves that will arrive from the galactic center. За повеќе информации, ве молиме видете: http://www.healingexperiment.com/ http://www.buycontacthasbegun.com/nexusform.html http://www.buycontacthasbegun.com/support-files/nexus2012summary.pdf Најопшто, ова е обид да се синхронизираат колку што е можно повеќе луѓе, особено оние кои веќе учествуваат во духовни групи ширум светот кои практикуваат медитации. Овој единствен проток на свест носи доволно психониска моќ за да повлијае врз основната структура на Матриксот за добробит на човештвото. Според истражувањата на многу уважени научници, но пред сè на почитуваниот Др. Масару Емото, ние денес знаеме и имаме фактички доказ дека човековата вибрациона енергија, мислите, зборовите, идеите и музиката, влијаат врз молекуларната структура на водата. http://www.life-enthusiast.com/twilight/research_emoto.htm
Ова укажува на тоа дека нашите мисли влијаат врз материјата и, колку што нашите мисли стануваат посилни – толку посилно станува и влијанието врз молекуларната структура на Матриксот. Ако веќе мислите на само едно човечко битие може да го направи ова со молекулите на водата, можете ли да замислите какво би било дејството врз фракталната структура на Матриксот доколку милиони луѓе, насекаде низ светот, се наоѓаат себе си во медитативно Единство. Значи, медитирањето со иста позитивна цел и пренесувањето на истата намера води до поместување на реалноста кон подобро. Во нашиот денешен свет ние сме сведоци на многу злокобни агенди кои резултираат во негативна насока. Стана очигледно дека ние повеќе не можеме да им веруваме на нашите влади, со оглед на тоа дека тие само ги следат приватните агенди на Елитата и не се грижат за нас и за нашата панета Земја. Затоа, сите ние треба да разбереме дека вистинската природа на нашето постоење, дека ние, всушност, сме свест внатре во физичкото тело и дека ние можеме да влијаеме врз нашата околина. Влијанието на планетарната медитација длабоко ќе резонира во директно и чисто позитивно поместување во нашата реалност. „...Нашата намера е да одвратиме секакво можно катастрофично сценарио кое евентуално би било ставено во дејство. Ние сме уверени дека тие потенцијално катастрофични настани можат да бидат спречени или ублажени со моќта на на нашата свест...“ Сево ова е затоа што фракталната структура на Матриксот може да биде видоизменета со моќта на нашите мисли, само ако тие се доволно чисти, доволно силни и ако се фокусирани на тоа да направат таква промена. Ова е врховната порака која ни ја кажуваат вонземјаните кои ни пренесуваат знаење и информации преку кроп-формациите. Од нас зависи дали ќе ги прифатиме нивните пораки посериозно или ќе ги дискредитираме. Резултатот од тоа решение ќе влијае врз сите нас.
Во тој дух, ние започнавеме едночасовни синхронизирани планетарни медитации од нашите домови секоја сабота во 21:00 часот средноевропско време (кое важи за Македонија). Секој учесник ја почнува глобалната медитација според Временската Зона во која се наоѓа, во согласност со 20:00 часот Универзално Време. Ве молиме, видете го овој линк долу за повеќе детаљи. http://www.healingexperiment.com/theevents.html Секојпат употребуваме различна музика која служи да ја стимулира нашата состојба на свесност и која овозможува стабилна врска помеѓу сите и создава позитивен емоционален набој. Откако ќе се создаде позитивниот емоционален набој ние можеме директно да се насочиме надвор од нашите тела со намера да јаподигнеме вибрационата состојба на нашата планета. На тој начин, во исто време предизвикуваме оздравувачки процес за нашата Земја. Со други зборови, конечниот резултат би бил балансирање на секојдневниот емоционален набој на милиони луѓе, што влијае врз сегашната состојба на нашата реалност. Методот на медитирање ќе се менува како што ќе напредуваме и ќе растеме во бројност. Во овој момент, ние го користиме само одновниот медитационен метод: http://www.healingexperiment.com/theinfo.html Ние фрквентно го надградуваме музичкиот фајл пред секој глобален медитациски настан. За надградбите, ве молиме проверете на: http://www.healingexperiment.com/themusic.html Исто така, една од клучните цели е да се лоцираат колку што е можно повеќе духовни групи на секој континент и понизно да ги замолиме дали би сакале да се синхронизираат со нас. Секоја помош во оваа насока ќе биде многу ценета. За информации или помош во оваа наскока ве молиме контактирајте на: bergmanmichael@msn.com со насловна реченица: Нексус 2012
Како и да е, сето ова е подготовка за глобалните медитации кои ќе се одржат на свети места, а кои ќе започнат на 09.05.2009. Идејата е да се соберат колку што е можно повеќе луѓе на древни свети места (акупунктурни точки на нашата планета). http://www.healingexperiment.com/thegrid.html Ова создава силна интеракција меѓу нас и енергиите кои се движат околу нашата планета. Денес е многу добро познато дека тие енергии се посилни на некои места. Всушност, најдревните свети места се изградени токму на оние локации каде што се пресекуваат магнетните енергии и каде што тие се најмоќни. Ќе користиме гео-музика за секоја локација на планетата, со оглед на тоа што секоја планетарна енергетска точка резонира своја лична фреквенција. За повеќе информации за ова ве молиме видете го Проектот Нексус на Форумот Авалон. Многу ќе се цени доколку ја разберете и видите нашата визија, дека ова е неопходно да се направи и дека мрежниот резултат е достижен. Доколку веруваме дека ова е можно и доколку ја сакаме оваа промена, ни ќе постигнеме одекнувачки успех. Колку што повеќе луѓе учествуваат толку помоќна станува нашата намера. Чувствуваме дека времето за конфликти е завршено и дека мораме да се придвижиме кон нова парадигма во нашата еволуција како раса. Ако погледнеме наоколу, ќе видиме дека сè се менува со голема брзина. Нашето Сонце и целиот Сончев систем се менуваат рапидно на секое ниво. Човештвото се менува. Ние се будиме од еден долг и длабок сон и почнуваме да ја гледаме поголемата слика, т.е. дека ние сме само искра на живот во бесконечните пројави на Универзумот. Ве оставаме, за крај, со една порака, извадена од едно видео кое носи многу мудрост: http://www.healingexperiment.com/index.html. the video can also be seen on the link below:
Колективна свест Импулсот те доведе овде; да направиме длабока глобална промена, Првиот мал чекор е во тебе, Почитувај се себе си. Сè почнува со тебе, Исчекори напред и прифати ги нашите раце, Мислата води до знаење и знаењето води до мисла, Да се поврземе со милиони за да ја засилиме нашата енергија и да ја одразиме натаму, Свеста е Реалност...Реалноста е Свест. Тоа е моќта на Свесната Креација, Настаните во нашите животи и оние во Светот се одговор на нашите Свесни Мисли, Отворен ли си за Моќните Можности? Твојот дух нека се здружи со другите за колективна сила на многуте, Колективно и како Обединета Сила, Можеме да ја преобликуваме реалноста и да ги преобразиме нашите животи со Свесна Креација, Доаѓајќи од Мајката Земја, за доброто на сите, Почнувајќи одвнатре, одразувајќи надвор, Дали сакаш да си создател на изобилство, исполнување и среќа? Што сакате да Излекувате? Да ја употребиме моќта на нашата Свест, да ја избереме нашата Судбина... Осмислиго твоето придружување со нас во градењето процес за нова и подобра Реалност? Секој кој чувствува дека би можел да го направи ова, молиме да нè контактира: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите .
Да ја преобразиме оваа планета од место на терор, оружје, политики и уништување во место на Светлината. Дали си со нас? Мир и Хармонија со сите Созданија
Astralwlker
|
||||||
| Последно освежено ( Вторник, 21 Април 2009 20:17 ) |

Контакт
Есо новости
Галерија


























