Ритамот на Универзумот |
|
|
|
| Напишано од Митко Керамитчиев | |||
| Среда, 01 Април 2009 09:53 | |||
|
Еднаш, многу одамна, еден земјоделец, во наплив на очај од слабата берба извикал: Речиси цела година посакувал и добивал сонце, па дожд, сонце, па повторно дожд. Пченката растела и растела, не била никогаш поголема и позелена. На радоста на земјоделецот и немало крај. Дошло време за берба. Земјоделецот со нестрпливост почнал да ги проверува кочаните. Горната прикаска е парафразиран извадок од Дискурсот бр. 6 од делото „Јога, Алфа и Омега“ од Ошо Раџниш раскажана во една од неговите многубројни беседи во Пуна, Индија. Од истите, денеска постојат преку четиристотини печатени дела. Со оваа прикаска Ошо ни укажува на една секогаш присутна, но ретко препознаена појава, која задира во самата природа на овој Универзум – неговата дуалност. Манифестацијата на Универзумот во било која негова појавна форма се изразува преку постоење на две навидум спротивставени сили, на два пола. Се што постои има две страни – Светлина/Темнина, Движење/Мирување, Радост/Тага, Јинг/Јанг, Звук/Тишина итн., набројувањето може да оди во недоглед. Но тој поларитетно поставен принцип само навидум изгледа дијаметрално спротивставен. Тие сили, всушност се комплементарни. Тие контрапункти всушност постојат на начин кој едниот го осмислува постоењето на другиот. Замисли дека си роден во богата земја во која секој е супер богат, никому ништо не недостасува и сите желби се исполнуваат моментално. Оваа наша хипотетичка земја би била неиздржливо здодевна. Искуството на богатство би постоело само во форма на знаење дека си богат, но тоа би било лишено од секаква возбуда, бидејќи не би постоел неговиот поларитет. Кога не постои спротивниот поларитет, не постои структурална тензија и не постои движење кон нешто. Ти би знаел дека си богат, но тоа би било бесмислено бидејќи никогаш тоа искуство не би можел да го споредиш со искуството на сиромаштија и возбудата содржана во станувањето богат никогаш не би настанала. За да може да се почитува квалитетот на изобилие мора прво да се искуси квалитетот на недостаток. Всушност, не може да се создаде било кое искуство, ако претходно или истовремено не се создаде спротивното искуство. Тоа е една интересна позиција на Битието, тоа знае СЕ, но не може да има искуство ако претходно не создаде илузија на немање или не знаење. Значи, во нашата хипотетичка (а можеби и не е хипотетичка?) земја на благосостојба, ти никако не би можел да бидеш сиромав. Затоа би морал да создадеш илузија со помош на фрагментарно гледање во ограничен простор и ограничено време за да „успееш“ да видиш недостаток, занемарувајќи го постоењето на Целината чија природна состојба е благосостојба и изобилие. Замисли си го твоето омилено јадење. Ако постојано ти е на располагање, ако го јадеш одново и одново, тоа и не би било омилено, нели? Искуството на привлечност не би постоело. Илузијата дека сме ограничени во консумацијата на тоа јадење го одржува во живот искуството на привлечност на тоа јадење. Дали е различно со нашата привлечност кога се одредени предмети или луѓе во прашање? Секако не! Предметите и луѓето кон кои се стремиме бргу би ја изгубиле својата привлечна сила доколку сме во ситуација неограничено да ги „поседуваме“. Илузијата на недостаток е тоа од што е потхрануван копнежот. Од моментот на нашето раѓање, до смртта на нашето физичко тело, ние постојано се однесуваме како дете кое копнее по играчка од која бргу се заситува и ја остава. Во моментот на стекнување на позитивното искуство доаѓа до поништување на негативното и се неутрализира енергијата од која тие се создадени. Набргу, потребно ни е ново искуство, нова играчка. Тоа е несвесен циклус, во кој човечкото битие ја игра својата игра, се до моментот на освестување на тој цикличен процес, кога доаѓа не до неутрализација, туку до ИНТЕГРАЦИЈА на поларитетите. Во тој момент се случува манифестација на СЛОБОДАТА, како базичен принцип на постоење. Битието си ја враќа слободата на избор дали и колку ќе ја игра таа игра. Таа состојба е проследена со апсолутна одговорност за изборот и сите причинско-последични врски. Но, повеќе од се, во тој момент се раѓа и способноста за СВЕСНА КРЕАЦИЈА. Животната клацкалка од една до друга поларизирана крајност престанува да се игра, нишалото се смирува и согледува дека има слобода на движење во било кој правец, а не само во еднодимензионалниот лак на принуда, несвесно самонаметната и самоприфатена. Да го затвориме кругот... Предизвиците, оние животни ситуации кои ни доаѓаат во Животот маскирани во проблеми, се комплементарна сила која придонесува за нашиот раст, развој, напредок... среќа. Без нив, плодовите на нашиот живот ќе бидат навидум убави однадвор, но внатре празни, бесплодни, јалови и бескорисни. _____________________ „Акција и реакција, плима и осека, обид и грешка, тоа е ритамот на Животот. Од самодовербата – страв, од стравот – јасна визија, надеж..., а од надежта – напредок.“ – Брус Бартон „Ако постои нешто што сакаме да го промениме кај другите, подобро прво да погледнеме дали постои нешто што треба да го промениме кај себе.“ – Карл Густав Јунг „Сите промени, дури и оние по кои долго сме копнееле имаа своја меланхолија; оставаме дел од нас самите зад себе. Еден поранешен живот мора да умре, за да влеземе во нов.“ – Анатол Франс „Само најмудрите и најглупавите луѓе не се менуваат.“ – Конфучие „Секоја промена, дури и онаа кон подобро, секогаш е придружена со отпор и нелагодност.“ – Арно Бенет _____________________ © Митко Керамитчиев
|
|||
| Последно освежено ( Среда, 08 Април 2009 10:21 ) |

Контакт
Есо новости
Галерија



