| За оние кои се бараат себеси |
|
|
|
| Напишано од Томае Еденски | |
| Сабота, 26 Април 2008 16:18 | |
|
Страница 1 од 17 Следува препевот на зборовите од Оsho, исполнети со топлина, хармонија и љубов, како коментар на ЕДНОставните зборови на големиот Зен мајстор Ikkyu. И покрај огромната одговорност да се препеат зборовите од Osho на македонски јазик, сепак се надевам дека доволно близу до суштина на она што тој сакал да го каже. “Ние доаѓаме на овој свет сами, Ние заминуваме сами” – Ова исто така е илузија. Јас ќе ве научам на патот Да не се доаѓа, да не се оди! Ние јадеме, вршиме нужда, спиеме, и се будиме; Ова е нашиот свет. Сè што треба да направиме после тоа Е да умреме. Јас нема да умрам, Јас нема да одам никаде, Јас ќе бидам овде; Но немој да ме прашувате ништо, Нема да ви одговорам. Што и да биде тоа, Тоа е сè дел од светот на илузијата, Дури и самата смрт Не е реална работа. Дали навистина сакате да го знаете патот И во овој и во другиот свет, Прашајте го човекот исполнет со милост и искреност. Еден монах го прашал Мајсторот Pai-Chang, “Кој е Буда?” Pai-Chang одговорил, “Кој си ти?” Целта на Разбудените (Будите или Будните) не е да те информираат, туку да те трансформираат. Тие сакаат да предизвикаат радикални промени во вашата свесност, тие сакаат да ве променат до самите корени. Тие сакаат да ви донесат нови очи, нова чистота на погледот. Нивната цел не е да ве информираат. Тие не се таму за да ви пренесат некое знаење, туку да пренесат некое постоење (битисување). Тие сакаат да ја споделат нивната светлина со вас – целта не е да се информира туку да се просветли.
|
|
| Последно освежено ( Петок, 08 Мај 2009 13:08 ) |

Контакт
Есо новости
Галерија


